Охотска Плоча

тектонска плоча

Охотска Плоча — мала тектонска плоча која ги опфаќа полуостровот Камчатка, Магаданската Област и островот Сахалин во Русија; регионите Хокаидо, Канто и Тохоку во Јапонија; Охотското Море, како и спорните Курилски Острови.

Охотска Плоча
Охотската Плоча
Видмала
Движење1југозападно
Брзина113–14 мм годишно
ОпфаќаХокаидо, Камчатка, Канто, Курилски Острови, Магаданска Област, Сахалин, Охотско Море, Тохоку
1Во однос на Африканската Плоча

Главниот раседен систем на Јапонија е во зоната каде Амурската Плоча (источниот раб на Евроазиската) се среќава со Охотската, понекогаш сметана за западен раб на Северноамериканската Плоча.[1]

Границата Улаханскиот Расед, трансформен расед со странично лево движење кој потекнува од тројна точка во Черските Планини.

Геологија

уреди

Границата помеѓу Охотската и Амурската Плоча можеби е одговорна за силните земјотреси во Јапонското Море и на островот Сахалин Island, како што земјотресот на 27 мај 1995 г. на северен Сахалин со јачина од 7,1 MW (7,5 MS според други извори).[2][3][4] Земјотресот го уништил гратчето Нефтегорск, и истото потоа не било обновено. Други позначајни меѓуплочни земјотреси како оној во Јапонското Море од 1983 г. и оној во Хокаидо во 1993 г. предизвикале цунамија во Јапонското Море.

Границата помеѓу Охотската и Тихоокеанската Плоча е зона на подвлекување, каде Тихоокеанската се подвлекува под Охотската. Овде се случиле бројни мегаземјотреси, меѓу кои најголемите забележани во светот. Таков пример се камчатските земјотреси од 1737 г. (9,0~9,3 M) и 1952 г. (9,0 M). Мегаземјотреси со оваа јачина се јавуваат и близу Курилските Острови, како оној од 8,3 M на 15 ноември 2006 г.,[5][6] Хокаидо, as земјотресот на 26 септември 2003 г. со јачина од 8,3 M[7][8] и земјотресот во Тохоку во 2011 г. кај брегот на Хоншу, со јачина од 9,0 M.[9]

Мерењата со ГПС и други проучувања покажуваат дека Охотската Плоча бавно се врти надесно. Проценето е дека се свртува за 0,2° на милион години околу стожер сместен северно од Сахалин.[10]

Мегаземјорес во Сендај 2011

уреди

Во 2011 г. Јапонија била погодена од подводен мегаземјотрес со јачина од 9,0–9,1 Mw, предизвикан од подвлекувањето на Тихоокеанската под Охотската Плоча. The worst effected areas in Тохоку, Јапонија experienced 6 минути потрес. Главното пролизгување се случило на „Северноамериканската или Охорската Плоча“.[11]

Наводи

уреди
  1. Gioncu, Victor; Mazzolani, Federico (2011). Earthquake Engineering for Structural Design. Taylor & Francis. стр. 461.
  2. Tamura, Makoto; и др. (2002). „The ShalIow Seismicity in the Southern Part of Sakhalin“ (PDF). Geophysical Bulletin of Hokkaido University. 65: 127–142. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-19. Посетено на 2024-08-05.
  3. „Earthquake Information for 1995“. USGS.
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  5. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. „Magnitude 8.3 – KURIL ISLANDS“. Earthquake.usgs.gov. Посетено на 1 јануари 2016.
  7. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  8. „Magnitude 8.3 – HOKKAIDO, JAPAN REGION“. Earthquake.usgs.gov. Посетено на 1 јануари 2016.
  9. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  10. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  11. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)

Надворешни врски

уреди