Фараљонска Плоча

древна тектонска плоча

Фараљонска Плоча — древна океанска тектонска плоча. Била една од трите главни плочи на суперокеанот Панталаса, заедно со Изанашката и Фениксовата, поврзани со тројна точка. Кога Пангеја почнала да се отцепува, Фараљонската Плоча почнала да се подвлекува под западниот брег на Северноамериканска Плоча (тогаш сместен во денешна Јута) со создавањето на Тихоокеанската Плоча во средиштето на тројната точка за цреме на раната јура. Наречена е по Фараљонските Острови, сместени недалеку на запад од Сан Франциско, Калифорнија.

Фараљонската Плоча на карта на океаниот Панталаса пред 180 милиони години.

Со тек на време средишниот дел на Фараљонската Плоча се подвлекол под југозападниот дел на Северноамериканската. Остатоци од Фараљонската Плоча се плочите Истражувачка, Гордска и Хуан де Фука, кои се подвлекуваат под северниот дел на Северноамериканската Плоча; Кокоската Плоча која се подвлекува под Средна Америка; и Насканската Плоча која се подвлекува под Јужноамериканската.[1]

Фараљонската Плоча исто така е одговорна за пренос на стари островски лакови и разни парчиња на материјал од континентална кора раздвоени од други далечни плочи и нивно насобирање кон Северноамериканската Плоча.

Овие парчиња од други места се нарекуваат терани (понекогаш „егзотични“ терани). Добар дел од западна Северна Америка е сочинета од овие насобрани терани.

Образување на плочата Хуан де Фука (со Истражувачката и Гордската) и Кокоската Плоча (вкл. Риверската) и раседот Сан Андреас од Фараљонската Плоча.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Белешки

  1. Lonsdale, Peter (1 август 2005). „Creation of the Cocos and Nazca plates by fission of the Farallon plate“. Tectonophysics. 404 (3–4): 237–264. Bibcode:2005Tectp.404..237L. doi:10.1016/j.tecto.2005.05.011.

Библиографија

Надворешни врски

уреди