Џејмс Хорнер
Џејмс Рој Хорнер (14 август 1953 - 22 јуни 2015) — американски композитор, најдобро познат по своите резултати во филмската музичка индустрија каде ја има компонирано музиката за над 100 филмови. Тој бил познат по интеграцијата на хорски и електронски елементи во музиката, и честата употреба на мотивите поврзани со келтската музика[1][2].
Џејмс Хорнер | |
---|---|
Џејмс Хорнер во 2010 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | James Roy Horner |
Роден(а) | август 14, 1953 Лос Анџелес, САД |
Починал(а) | јуни 22, 2015 САД | (возр. 61)
Жанрови | филмски композитор |
Занимања |
|
Период на активност | 1978–2015 |
Еден од првите големи резултати кои ги постогнал била музиката од филмот Дамата во црвено во 1979 година, но тој не се докажа како еминентен филмски композитор до неговото творештво на филмот Ѕвездени патеки од 1982 година[3]. Неговиот резултат за филмот Титаник на Џејмс Камерон е најдобро продаваниот оркестарски филмски саундтрак на сите времиња[4][5]. Тој, исто така, ја направил и музиката за Аватар на Камерон[6].
Хорнер соработувал на повеќе проекти со режисери вклучувајќи ги Дон Блут, Џејмс Камерон, Џо Џонстон, Волтер Хил и Рон Хауард; продуценти, вклучувајќи ги Џорџ Лукас, Дејвид Киршнер, Јон Ландау, Брајан Гразер и Стивен Спилберг и текстописци, вклучувајќи ги Вил Џенингс, Бери Ман и Синтија Вејл. Тој освоил две награди за Оскар, два Златни глобуси, три Награди Сателит и три награди Сатурн.Соработувал со Жак-Жан Ано („Името на розата"), Мел Гибсон („Храбро срце", „Апокалипто"), Џејмс Камерон („Титаник", „Аватар"), Рон Хауард (повеќе филмови, меѓу кои „Аполо 13") и Волтер Хил („Црвеното вжештување"),
Хорнер, кој бил страсен пилот, починал на 61-годишна возраст во авионска несреќа, кога неговиот авион се срушил на територија на јужна Калифорнија. Неговиот спортски авион „С-312 Тукано“ имал проблеми со моторот, по што се срушил на 150 километри јужно од Лос Анџелес.
Наводи
уреди- ↑ Geier, Thom (June 22, 2015). „James Horner, Oscar-Winning Composer of 'Titanic,' Dead at 61“. The Wrap. Посетено на June 22, 2015.
- ↑ „Creative Team“. Titanic Live. Архивирано од изворникот на 2016-12-18. Посетено на June 22, 2015.
- ↑ Harrington, Richard (July 25, 1982). „Sounds Of the Summer Screen“. The Washington Post. стр. L1.
- ↑ „USATODAY.com - New mom Dion back with new album, Vegas deal“. USA Today. Посетено на June 23, 2015.
- ↑ Clemmensen, Christian (April 16, 2012) [November 18, 1997]. „Titanic (James Horner)“. Filmtracks.com. Посетено на May 21, 2012.
- ↑ „All Time Worldwide Box Office Grosses“. boxofficemojo.com. Посетено на June 23, 2015.