Тврдина Каменец Подолски
Тврдина Каменец Подолски (украински: Кам'янець-Подільська фортеця; полски: twierdza w Kamieńcu Podolskim; руски: Каменец-Подольская крепость; турски: Kamaniçe Kalesi) — тврдина во украинскиот град Каменец Подолски изградена во XI век. Тврдината е основана во време на Киевска Русија како дрвена одбранбена градба, а својата меѓународна препознатливост ја стекнува како камена тврдина во време на Полско-литванската Државна Заедница и козачко-полската борба со татарски и турски освојувачи. Се смета за едно од Седумте чуда на Украина и е долгогодишен дел на украинската туристичка понуда во западна Украина. Покрај тврдината тече реката Смотрич.
Каменец Кам'янець | |
Национална историска архитектура | |
Седум од оригиналните 12 кули доминираат во околината на кањонот на реката Смотрич
| |
Земја | Украина |
---|---|
Област | Хмелничка Област |
Општина | Каменец Подолски |
Знаменитост | Целосен список[1] |
Координати | 48°40′24″N 26°33′45″E / 48.67333° СГШ; 26.56250° ИГД |
Должина | 175 м |
Ширина | 50 м |
Површина на тврдината[2] | 8.750 м² |
Established | |
- Културен споменик | 1928 (само тврдината) |
- Архитектонски споменик | 18 мај 1977 (со Стариот Град) |
Раководство | Министерство за регионален развој на Украина |
Посетители | 100,000+[3] (2008) |
Препознатливост | Седум чуда на Украина |
Портал: niazkamenec.org.ua | |
Историја
уредиТврдината Каменец Подолски првпат е спомената во Ерменската хроника од XI век. Тврдината во средниот век се наоѓала во состав на Галичко-волинското Кралство, а денес е во рамките на Хмелничката Област во склоп на Украина. Местото било разрушено од Монголите во 1240 година, а повторниот раст го доживува на почетокот 1360-тите години кога просторот бил под контрола на литванските кнезови од династијата Коријатович.
Во 1430 година со Каменец Подолски завладеало Кралството Полска, а веќе две години подоцна, во 1432 година, на гратчето му се гарантирани магдебуршките права. На истиот простор е формирана Подолска Војводина, а Каменец Подолски станува нејзин главен град во 1463 година. Под управа на Полјаците, Каменец Подолски станува меѓународно познато трговско и културно средиште, според значењето веднаш зад градот Лавов. Почетната дрвена тврдина, до крајот на XV век била целосно заменета со снажни камени блокови кои и денес можат да се видат во нивното оригинално издание. Околу тврдината се изградени високи одбранбени ѕидови и кули чија цел била подобра одбрана од честите напади на Татарите и Турците од југозападните граници на денешна Украина. Со добивањето на магдебуршкото право, Каменец Подолски е прогласен за „кралски град“ и му е доделен слободен државнички статус.
Население
уредиПрвите жители на Каменец Подолски биле Украинци, и во нешто помал размер Ерменци. После падот на источнословенската држава Киевска Русија, градот во голема мерка го населиле Полјаци, нешто помалку Литванци како и Евреи. Денес тука главно живеат Украинци.
Наводи
уреди- ↑ „LIST of monuments of architecture and urban planning“. National Historical-Architectural Complex "Kam'ianets" (украински). Архивирано од изворникот на 2017-05-20.
- ↑ „Kamenets-Podolskaya krepost“. bon-voyage.com.ua (руски).
- ↑ „Museums“. Kamianets-Podilskyi Tourist Informational Site (украински). 2008. Архивирано од изворникот (Figure is for the total visitation number to Kamianets-Podilskyi museums.) на 12 јуни 2018.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Туристички информации (укр.) Архивирано на 19 јули 2011 г.
- Документација и историски податоци (укр.) Архивирано на 3 октомври 2016 г.