Тасе Трајаноски
Тасе Колев Трајаноски ( 1921 во Козица, Кичевско — 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Тасе Трајаноски | ||
Роден | 1921 година Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Славонска Пожега, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал претежно со земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија, стапил во август 1944 година, а со формирањето на Шестата македонска бригада бил распореден во неа. Со Бригадата учествувал во повеќе борби во Западна Македонија: Охрид, Кичево, Крушево и други места, а потоа ги продолжил борбите на Сремскиот фронт каде загинал во борба со германците во април 1945 година кај Славонска Пожега.[1]