Стојмир Трајаноски

Стојмир Лазаров Трајаноски ( 1921 во Козица, Кичевско18 април 1945 во Товарник, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Стојмир Трајаноски
Роден 1921 година
Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 18 април, 1945 година
Товарник, Хрватска
Националност Македонец

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи школувањето бил принуден да остане земјоделец. Доброволно се приклучил во народно ослободителното движење во редовите на Осумнаесетата дополнска бригада, а потоа е распореден во Шестата македонска бригада во есента 1944 година, а најпосле во Петнаесетата македонска бригада. Со бригадата учествувал во борбите низ западна Македонија. Учествувал ѝ на Сремскиот Фронт со единиците на Петнаесеттиот корпус. Загинал при пробојот на Сремски фронт, во борба со германците на 18 април кај Товарник. Во борбите бил доста храбар и бил унапреден во чин водник и примен во редовите на КПМ.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 136.