Таранеш (Селокуќи)
„Таранеш“
| |
Местоположба | 41°32′8″N 20°29′13″E / 41.53556° СГШ; 20.48694° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Селокуќи |
Општина | Дебар |
Тип |
|
Период | римско време |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Таранеш — археолошко наоѓалиште во дебарското село Селокуќи. Претставува населба и некропола од римско и доцноантичко време. Се наоѓа на северната периферија на селото, во маалото Таранеш, помеѓу реките Црн Дрим и Поповска Река, каде на високо зарамнето плато со форма на неправилен триаголник кое благо се спушта кон реката се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и кршен камен. Во приватна нива, во октомври 1982 година било извршено заштитно ископување при што бил откриен гроб - тип циста, во кој како гробни прилози се најдени: златна крстовидна фибула, сребрена позлатена чинија, сребрен ѓум, прибор за пишување, коскени жетони за игра, чаша дијатрета, две вретенести фиоли, железна секира и други предмети од сребро. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1] Најпознат артефакт во наоѓалиштето е дијатретата, која е од „келнски тип“, т.е таа е најбогато украсена.
Поврзано
уреди- Таранешка дијатрета — најпознатиот артефакт пронајден во наоѓалиштето Таранеш;
- Мерсуид — средновековна некропола;
- Мојсиева Црква — средновековна црква и некропола;
- Стара Црква — доцноантичка некропола;
- Шулон — средновековна некропола;
- Музлагица — неолитска населба;
- Селокуќи;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |