Танас Калојанов
партизан
Танас Калојанов — роден во селото Нестрам, Костурско во 1918 година. Македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција. Припадник е на работничкото движење од 1936 година, а е член на КПГ од 1937 година. Во 1942 година е уапсен и затворен од Италијанците во Атинскиот затвор Авероф. Во почетокот на следната 1943 година успеал да се ослободи и веднаш стапил во ЕЛАС. Таму е комесар на одред, а подоцна и на чета. По Варкиза е прогонуван од монархофашистичките власти поради што е принуден да емигрира во Југославија. Во октомври 1946 година влегува во ДАГ, во која служи како комесар на чета и баталјон. Херојски загива на 16 ноември 1947 година на Грамошта.
Танас Калојанов | ||
Роден | 1918 село Нестрам | |
---|---|---|
Починал | 16 ноември 1947 Грамошта | |
Познат | партизан |
Литература
уреди- Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |