Брчка (Тажево)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Брчка“
| |
Местоположба | 41°43′18″N 21°14′57″E / 41.72167°N 21.24917°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Тажево |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Брчка — археолошко наоѓалиште во поречкото село Тажево. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на десниот брег на селската рекичка, на пространа тераса која зафаќа простор од 250 × 150 м, каде се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и грамади од градежен материјал, а биле најдени и два питоса. На горниот крај на наоѓалиштето се откопани неколку гробови.[1]
Поврзано
уреди- Градиште — градиште од средниот век;
- Селиште — населба и црква од средниот век;
- Тажево;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |