Таволјере деле Пуље

(Пренасочено од Тавољере)

Таволјере (италијански: Tavoliere delle Puglie, во превод: Апулски маси)― рамнина во северна Апулија, јужна Италија, која зафаќа речиси половина од традиционалниот регион Капитаната (Фоџа). Зафаќа површина од околу 3000 км2.

Таволјере.

Оваа рамнина некогаш претставувала морско дно, и денес граничи со Дауниските Планини на запад, со гребенот Гаргано и Јадранското море на исток, со реката Форторе на север и со реката Офанто на југ. Тоа е најголемата италијанска рамнина по Пјанура Падана.

Името Таволјере (Tavoliere) потекнува од средновековниот латински израз „табулариум“ (Tabularium) што претставува маса на која претставниците на трансхумаците (Transhumanza) ги класифицирале областите кои биле посветени на одгледување овци.[1]

Солени фламинга

Во зима, рамнината понекогаш е подложна на поплави од Офанто и Форторе, додека во лето сушата е честа.

Главните средишта, од север кон југ, се Сан Северо, Лучера, Фоџа и Черињола.

Историја

уреди

Младокамените фармери кои живееле на оваа рамнина пред повеќе од 7000 години, практикувале обредно чистење на мртвите. Малите траги на засеци на коските кои биле најдени, наведуваат дека коските биле исчистени од остатоци до една година по смртта. Тие ги оставале коските во пештерата Скалорија. Археолозите нашле дека човечките коски биле измешани со животински коски, скршена керамика и камени алатки.[2]

За време на средниот век, старите техники на земјоделството и регулацијата на реката биле изгубени, рамнината главно била посветена на одгледување овци кои, користејќи соодветни патеки за добиток, стигнале до апенинските пасиштата преку Таволјере. Земјите во тој период биле најмочурливи и најнездрави.

По обемните работи на одводнување, рамнината сега е високо обработлива. Посевите вклучуваат пченица, цвекло, домати, особено во областа на Фоџа, а се шири и одгледувањето на маслинки и грозје, од кои се добиваат квалитетни масла и вина.

Комуни (општини)

уреди

Комуни во Таволјере се:

Алберона, Априцена, Асколи Сатријано, Бицари; Бовино, Кандела, Карапеле, Казалвекјо ди Пуља, Кастелучио деј Саури, Кастелнуово дела Даунија, Черињола, Кјеути, Деличето, Фоџа, Лучера, Манфредонија, Маргерита ди Савоја, Ордона (Хердонија), Орта Нова, Поџо Империјале, Сан Фернандо ди Пуља, Сан Паоло ди Чивитате, Сан Северо, Серакаприола, Сторнара, Сторнарела, Тореморе, Тринитаполи, Троја, Волтурино, Ѕапонета.

Наводи

уреди
  1. „Trasformazioni paesaggistiche ed ambientali ad opera dell'uomo nel Tavoliere di Puglia“ [Пејзажни и еколошки преобразби предизвикани од човекот во Таволjере ди Пуља] (PDF). Provincial library of Foggia (италијански). стр. 68.
  2. Shaw, Garry (27 март 2015). „Stone-age Italians defleshed their dead“. Science. AAAS. Посетено на 15 јануари 2024.

41°28′N 15°32′E / 41.467° СГШ; 15.533° ИГД / 41.467; 15.533