Трансхумација или трансхумативно сточарство[1] (според фр. transhumant)[2] претставува сезонското движење на луѓето и добитокот помеѓу постојаните летни и зимски пасишта што е типично за Медитеранот. Најчесто се користи во овчарството, а вклучува два правци на движење, во текот на потоплиот дел од годината се оди во повисоките планински предели, а во постудениот дел од годината се спушта во низинските, котлинските предели. Одгледувачите на добиток воглавно живеат во пониските предели. За време на пашата во планините живеат во сезонски населби каде се занимаваат и со земјоделство.

Форма на сточарство

уреди

Во Хрватска оваа форма на сточарство се користела во Лика, Приморјето и внатрешноста на Далмација. Личките овчари се задржувале на велебитските пасишта од јуни до јули, а поради суровата клима во зима се спуштале во Приморје. Напролет крајбрежните сточари заминувале во подножјето на Велебит, каде што ја обработувале земјата, а во лето го носеле добитокот на пасење во ридовите, над 1000 метри надморска височина за да се вратат на есен во постојаните населби. Во Загора и Равни Котари, овчарите оделе во групи со своите стада во сезонските населби на јужниот дел на Велебит, Биоково или Динара. Во сезонските населби се собирало млеко од кое подоцна се правење сирење.[2]

Нематеријално културно наследство

уреди

Во 2019 година било впишано на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО како заедничка номинација на Австрија, Грција и Италија.[3]

Наводи

уреди
  1. Transhumanca ili transhumantno stočarstvo, proleksis.lzmk.hr, preuzeto 11. listopada 2014.
  2. 2,0 2,1 Transhumantno stočarstvo, enciklopedija.hr, preuzeto 11. listopada 2014.
  3. „Transhumance, the seasonal droving of livestock along migratory routes in the Mediterranean and in the Alps“. unesco. Посетено на 8 јуни 2021.