Појтингерова табла
Појтингерова табла или Појнтигерова карта (латински: Tabula Peutingeriana) — карта со вцртани римски патишта, именувана според Конрад Појтингер, германски хуманист и старинар кој живеел меѓу XV и XVI век. Картата е насликана во IV век, а прецртана во XIII век. Откриена е во градот Вормс, Германија од страна на Конрад Келтес[1], кој не бил во можност да ја објави во јавноста сè до неговата смрт, поради што му ја оставил во наследство на Појтингер. Денес се наоѓа конзервирана во Австриската национална библиотека во хабсбуршката царска палата во Виена, Австрија.
Опис на картата
уредиКартата се состои од 11 парчиња пергамент, со вкупна широчина од 0,33 м и должина од 6,75 м. Исцртана е во шест бои - црна, црвена, зелена, жолта, сина и розова и го опфаќа целиот антички свет (од Британија до Индија) познат во тоа време. Постоел уште еден, дванаесетти дел, кој се однесува на крајниот запад (Пиринејскиот Полуостров), но тој дел е изгубен. Оваа карта претставува попис на сите попатни станици и нивните растојанија, според службените прописи од IV век.
Притоа поголемите градови се означени со посебни знаци, при што посебно внимание е дадено на местата каде што има термални бањи. Помалите градови се означени само со нивните имиња, а сите населби се поврзани со патишта на кои е испишано растојанието во римски милји (1 римска милја = 1.480 м).
Иако првобитно се мислело дека Појтингеровата табла е воена карта, податоците што се вцртани на неа и нејзиниот специфичен облик (во вид на свиток со должина од 6,83 метри и широчина од 34 сантиметри), јасно укажуваат дека таа всушност е „итинерариум пиктум“ (латински: itinerarium pictum), или „туристичка карта-водич“, наменета за куририте, трговците и другите патници-намерници, кои повеќе ги интересирале станиците за одмор, отколку географските обележја, главните градови или населбите.
Наводи
уреди- ↑ Појтингерова табла (англиски)