Терабајт

(Пренасочено од ТБ)

Терабајт (од англ. terabyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според системот SI, претставкататера“ значи 1012, па така 1 терабајт има 1000000000000бајти, 1 трилион бајти или 1000 гигабајти. Изразен со бинарни претставки, 1 терабајт е еднаков на 0,9095 тебибајти, или 931,32 гибибајти. Симбол на единицата е ТБ (TB) или Тбајт (Tbyte).

Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБ килобајт
10002 МБ мегабајт
10003 ГБ гигабајт
10004 ТБ терабајт
10005 ПБ петабајт
10006 ЕБ ексабајт
10007 ЗБ затабајт
10008 ЈБ јотабајт
10009 РБ ронабајт
100010 КвБ кветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБ кибибајт КБ килобајт
10242 МиБ мебибајт МБ мегабајт
10243 ГиБ гибибајт ГБ гигабајт
10244 ТиБ тебибајт ТБ терабајт
10245 ПиБ пебибајт
10246 ЕиБ ексбибајт
10247 ЗиБ зебибајт
10248 ЈиБ јобибајт

Употреба

уреди

Произведувачите секогаш ја изразуваат големината на нивните тврдите дискови со SI-единици. Но некои полиња на информатиката практикуваат вкоренето толкување на терабајтот како бинарна претставна единица (1024). Организациите за стандардизација како Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Институтот на електротехнички и електронски инженери (IEEE) и Меѓународната организација за стандардизација (ISO) препорачуваат да се користи поимот „тебибајт“ за означување на традиционалната мерка од 10244 бајти, или 1024 гибибајти. Оттука следуваат толкувањата:

  • Според стандардна употреба по системот SI: 1 терабајт (ТБ) е еднаков на 1000000000000бајти = 10004 или 1012 бајти.
  • Според традиционалното бинарно толкување, терабајтот би изнесувал 1099511627776бајти = 10244 = 240 бајти = 1 тебибајт (ТиБ).

Капацитетот на складишните носачи на податоци се изразуваат според стандардното значење на претставката според SI, но многу оперативни системи и програми прикажуваат единици со бинарна основа. Mac OS X 10.6 (Snow Leopard) ги изразува во децимални единици.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди