Суоменлина
Суоменлина (фински за "Финска тврдина "), која до 1918 година била позната како Виапори (фински) или Свеаборг (шведски за "Свеова тврдина) – населена морска тврдина која се протега на шест острови (Кустанмиека, Сусисари, Исо-Мустасари, Пику-Мустасари, Ленси-Мустасари и Ленгерен) во Балтичкото Море, кои денес се дел од главниот фински град Хелсинки.
Суоменлина Sveaborg | |
---|---|
Поглед на Суоменлина од птичја перспектива | |
Местоположба | Хелсинки, Финска |
Координати | 60°08′37″N 24°59′04″E / 60.14361° СГШ; 24.98444° ИГД |
Службен назив: Тврдина Суоменлина | |
Тип: | Културно |
Критериуми: | iv |
Прогласено: | 1991 (15. сесија) |
Број | 583 |
Држава: | Финска |
Област: | Европа и Северна Америка |
Во 1991 година Суоменлина е впишана во УНЕСКО-виот список на светско наследство во Европа како единствен пример на европска морска тврдина на своето време.
Историја
уредиШведските кралеви ја започнале нејзината градба во 1748 година како одбрана од навлегувањето на Руското Царство. Нејзините утврдувања ги дизајнирал Августин Еренсверд на кого влијаел најпознатиот француски градител на тврдини, Вобан. Затоа ова тврдина има ѕвездест план и мноштво бастиони кои се прилагодени на нејзината локација на шест острови. Поред воените бараки почнал да никнува и прав барокен град со голем плоштад на островот Исо Мустасари, по урнек на парискиот плоштад Вандом, за офицерите.
За да се обезбеди сигурност на тврдината на копното исто така биле изградени утврдувања за да непријателот не би можел да ја групира својата војска при евентуален напад на Шведска. Тука бил сместен целиот фински гарнизон на шведската војска и кралската морнарица. Сепак за време на Финската војна, Суоменлина ѝ се предала на Русија на 3 мај 1808 година, како последно шведско упориште во Финска. После тоа Русите ја окупирале цела Финска во 1809 година.
Русите продолжиле да ја утврдуваат Суоменлина која страшно настрадала од англо-француската флота во Кримската војна (1853-1856). Русите ја обновиле и дополнително утврдиле со нови топовски бункери.
Во текот на Првата светска војна и Финската граѓанска војна, Суоменлина ѝ припаднала на Финска во 1917 година и била претворена во воен затвор. Во 1973 година војската ја напуштила тврдината и таа станала фински заштитен споменик на културата, а на нејзините острови трајно живеат околу 900 жители кои му припаѓаат на градот Хелсинки. Тука сè уште се наоѓа Морската академија на финската морнарица (Merisotakoulu), но главно е туристичка атракција. Во 2009 година имала повеќе од 713.000 посетители.
Надворешни врски
уреди- Суоменлина – официјална страница
- Фотографии на Суоменлина Архивирано на 29 март 2006 г.
- Суоменлина Архивирано на 7 јуни 2011 г.
Останати проекти
уредиПовеќе за Суоменлина на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
60°08′37″N 24°59′04″E / 60.14361° СГШ; 24.98444° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница