Сувогорски Герој (весник)
Сувогорски Герој (во современ македонски јазик: Сувогорски Херој) — македонски месечен весник, орган на осмата македонска ударна бригада. Весникот почнал производство за време на учеството на велешката бригада во народното ослободување на Косово и Метохија, но после крајот на втората светска војна почнале да го издаваат во Гевгелија. Весникот, заедно со „Народен Билтен“ се меѓу најистакнатите нелегални партизански весници за време на народното ослободително движење во Велес и Велешко.
„Смрт на фашизмот, слобода на народот“ | |
Слика од третиот број на весникот | |
Тип | Месечен весник |
---|---|
Сопственик | Осма македонска ударна бригада |
Издавач | Бригадскиот комитет на бригадата |
Основан | април, 1945 |
Политичка определба | комунизам и социјализам |
Јазик | некодифициран македонски јазик |
Престанал | јуни, 1945 |
Седиште | Косово и Метохија (април-мај 1945) Гевгелија (јуни 1945) |
Историја
уредиМногу малку е познато за историјата на весникот, ниту не е познато кога конкретно прекинал весникот со продукција. Првиот и вториот број на весникот којшто биле издадени во денешната територија на Косово биле познати по другото име „Крв“. Весникот почнале да го издаваат во период каде што Македонија била целосно ослободена после борбите за ослободувањето на Велес, Скопје и градот Тетово. Осмата македонска ударна бригада во овој период учествувала во Сремскиот фронт против армијата на Третиот Рајх. Околу 1-ви април 1945 година било издадено првиот број на весникот, денес бројот е целосно изгубен и нема архивирани детали за бројот.[1]
Вториот број на весникот е првиот број со детални информации, бил издаден со насловот „Крв“ во 1-ви мај 1945 година, бројот содржи дваесет страници со неколку цртежи меѓу нив. Главната тема на весникот било репортажа на дејствата на осмата македонска ударна бригада во сремскиот фронт. Во број 2 содржи неколку статии за судирите на бригадата и албанските фашистички балисти. После борбите бригадата ја добила улогата да патувала кон градот Гевгелија за да чува стражарство заради развитокот на Грчката граѓанска војна. Таму, при нивниот пристој бил издаден последниот документиран број на весникот.[2][3]
Третиот број на весникот содржи најмногу материјали за него, третиот број исто така бил првиот број којшто го користил името „Сувогорски Герој“. Третиот број е издаден во 1-ви јуни 1945 година. Првата статија на бројот е за песната „Први Мај“ произведена од партизанот Тошо Анчевски. Втората статија е детали за патувањето на бригадата од Косово до Гевгелија со насловот „На пат за Македонија“ напишано од партизанот Александар Гелески. Лазар Виларов напишал една кратка статија за престојот на бригадата во градот Велес при нивното патување кон Гевгелија. Ставро Дончовски си ги објавил неговите спомени за борбите кај Седларево во третиот број на весникот.[1]
Освен тоа имало страница за спомен на смртта на истакнатиот велешски партизански активист Јовче Тесличков којшто загинал во Сува Гора при судир со балистите фашисти, статијата била произведена од Анче Кузески. Во последните страници пишува за спортските натпревари помеѓу футбалските клубови на бригадите, во третиот број пишувало како играле футбалски натпревар со ФК Кожуф и тие победиле со 4:0. Во последните страници содржи неколкумина истакнати македонски песни, меѓу нив се песните од Кочо Рацин во неговото дело „Бели Мугри“. Други прикажани песни се „Изгреј зора на слободата“, „Еј Словени“. Имало и скечови како „Тошо Плаче“ и „Во Берлин нема ништо“.[1]
Последната страница на бројот е полно со рубрики како „Дали знаете“, „Ребуси“, крстозбор и заплетени зборови за тестирањето на знаење. Третиот број на весникот бил последниот документиран број. Не се знае конкретно како и зошто прекинал производство на весникот. Исто така не е познато кога прекинал весникот, но отприлика завршил некаде во втората половина на јуни 1945 година. Во декември истата година осмата македонска бригада добила наредба да се сместила во Демир Капија. Во 5 декември 1945 година на 10:35 часот по наредба од главниот штаб на НОВ и ПОМ осмата македонска ударна бригада била укината и сите партизани се вратиле повторно во нивниот роден град.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Галевски, Киро (1988). Осмата македонска ударна бригада: зборник на сеќавања на борбениот пат на Осмата македонска ударна бригада. Титов Велес: Општински одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ. стр. 410.
- ↑ Мокров, Боро (1993). Pregled na makedonskiot pečat (1885-1992). Studentski zbor. стр. 143.
- ↑ Мокров, Боро (1980). Razvojot na makedonskiot pečat i novinarstvo od prvite početoci do 1945 godina. Združenie na novinarite na Makedonija. стр. 446.