Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ (српскохрватски: Smrt fašizmu, sloboda narodu!; Смрт фашизму, слобода народу!, словенечки: Smrt fašizmu, svoboda narodu!, албански: Vdekje fashizmit, liri popullit!) било југословенско партизанско мото, подоцна официјално прифатено како официјален слоган на вкупното движење на отпорот, кое често било цитирано и во повоена Југославија. Често било користено и како поздрав помеѓу членовите на движењето како во официјалната така и во неофицијалната кореспонденција за време на војната и во следните години, често скратено „СФСН!“ во пишана форма и со крената тупаница во говорна форма (едната личност вели „Смрт на фашизмот!“, а другите одговараат „Слобода на народот!“).

Југословенскиот партизан Степан Филиповиќ извикува „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ секунди пред неговото погубување од страна на нацистите во Ваљево, окупирана Југославија.
Слоганот напишан на ѕид во Сплит, септември 1943

Историја

уреди

Слоганот станал популарен после смртта на хрватскиот партизан Степан Филиповиќ.