Стојан Петрески
Стојан Мицков Петрески ( 1921 во Козица, Кичевско — 1944 во Раштани (Кичевско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стојан Петрески | ||
Роден | 1921 година Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Раштани, Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство, кое се занимавало со земјоделие. Стојан немал можност да се школува и по завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделие. Согледувајќи го тешкиот живот и теророт на окупаторот, во летото 1944 година стапил во единиците на Народноослободителната војска на Македонија. Загинал кај селото Раштани во есента 1944 година во борба со балистите nри конечното ослободување на Македонија.[1]