Стојан Јакимов Илиоски ( 1927 во Србјани, Кичевско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Стојан Илиоски
Роден 1927 година
Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец

Животопис

уреди

Роден е во семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како симпатизер на народно ослободителното движење, активно се вклучил во народно ослободителната војска на Македонија во есента 1944 година во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата зел учество во борбите за конечното ослободување на Македонија. Учествувал во борбите за Кичево, Гостивар, а потоа во составот на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот фронт. Загинал во борба со Германците кај Славонска Пожега кон крајот на април 1945 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 57.