Колоноскопија
Колоноскопија — медицински ендоскопски терапевтски и дијагностички метод, при кој лекарот ја испитува и проценува состојбата на внатрешната површина на дебелото црево со помош на ендоскоп.[1] Колоноскопијата овозможува визуелно дијагностицирање на воспалителни болести на цревата (чирав колитис, Кронова болест и други), потслузни и епителни новообразувања (полипи, тумори) и дивертикулоза.[2][3]
Начин на примена
уредиОвој зафат е многу сложен и напорен и затоа може да го вршат само многу искусни и вешти ендоскописти. Пред да се примени овој метод, неопходно е да се подготви дебелото црево за испитување. Лицето врз кое ќе се примени методот ќе ги изврши пропишаните подготвителни дејства што траат од 12 до 18 часа, а кои се состојат во следење на соодветна исхрана. Најчесто на човекот му се наложува да пие само вода и течности што не содржат влакна од 12 до 18 часа. Можат да се препишат и прочистувачки средства. Од него, исто така, може да се побара да се воздржи од употреба на аспирин или други лекови што содржат салицилати со цел да се спречи можното крварење за време на примената на методот или подоцна. Пред самата колоноскопија на лицето му се дава лек што ги опушта цревата и истовремено ја намалува болката што го прави прегледот помалку непријатен, а во некои центри овој метод се изведува под краткотрајна анестезија.
Опрема
уредиОпремниот кабинет вклучува видеоколоноскоп со видеопроцесор и монитор, електрохируршки апарат, иригациска пумпа, инсуфлатор за воздух или CO2 и аспиратор за течности.
Низ колоноскопот можат да се пренесат штипки за биопсија, јамки за полипектомија, апликатори со штипки, вбризгувачи, ножеви за секцирање и многу други инструменти.
Наводи
уреди- ↑ „Colonoscopy“. The American Heritage Medical Dictionary. Houghton Mifflin Company. Архивирано од изворникот 2021-05-12. Посетено на 2012-10-28 – преку thefreedictionary.com.
- ↑ „Recommendation: Colorectal Cancer: Screening | United States Preventive Services Taskforce“. www.uspreventiveservicestaskforce.org (англиски). Архивирано од изворникот 2023-11-10. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ „Colonoscopy - NIDDK“. National Institute of Diabetes and Digestive and Kidney Diseases (англиски). Архивирано од изворникот 2022-05-03. Посетено на 2023-11-10.
Надворешни врски
уреди„Колоноскопија“ на Ризницата ? |