Анатомски термини за локација
Стандардните анатомски термини за локација се користат за недвосмислено да се опише анатомијата на животните, вклучително и луѓето. Термините, кои вообичаено се изведени од латински или грчки, опишуваат нешто во неговата стандардна анатомска позиција. Оваа позиција дава дефиниција за тоа што е напред ("антериор"), назад ("постериор") и.т.н. Телото се опишува со помош на анатомски рамнини и анатомски оски.
Рамнини
уредиАнатомските термини опишуваат структури во однос на четири анатомски рамнини:[1]
- Медијална рамнина, која го дели телото на лево и десно.[1][2] Таа минува низ главата, ’рбетниот мозок, папокот, и, кај многу животни, низ опашката.[2]
- Сагитални рамнини, кои се паралелни на медијалната.[3]
- Фронтална рамнина, која се нарекува и коронална рамнина, која го дели телото на напред и назад.[1]
- Хоризонтална рамнина, позната и како трансверзална рамнина, е нормална на претходните.[1] Кај луѓето оваа рамнина е паралелна со подот; кај четвороножците, го дели телото на антериорен и постериорен дел.[4]
Главни термини
уредиСупериорно и инфериорно
уредиСупериорно (од латински super „погоре“) го опишува она што е над нешто[5] и инфериорно (од латински inferus „подолу“) го опишува она што е под него.[6] На пример, најсупериорен дел од телото е главата, а најифериорен се стапалата. Како втор пример, кај луѓето, вратот се наоѓа супериорно во однос на градниот кош, но инфериорно во однос на главата.
Антериорно и постериорно
уредиАнтериорно (од латински ante „пред“) го опишува она што е напред,[7] и постериорно (од латински post „после“) го опишува она што е зад нешто.[8] На пример, кај куче носот се наоѓа антериорно во однос на очите, а опашката се смета за најпостериорен дел.
Медијално и латерално
уредиОвие термини опишуваат колку нешто е блиску до медијалната рамнина.[1] Латерално (од латински lateralis „странично“) опишува нешто што се наоѓа странично. Медијално (од латински medius „средина“) опишува структури блиску до средишната линија,[1] или кои се поблиску до средишната линија во однос на други структури. На пример, кај луѓето, рацете се наоѓаат латерално во однос на торзото. Гениталиите се наоѓаат медијално во однос на нозете.
Проксимално и дистално
уредиТермините проксимално (од латински proximus „најблиску“) и дистално (од латински distare „да се наоѓа настрана“) се користат за опишување на оддалеченоста на делови во однос на главната маса на телото.[9] Така, раката кај луѓето се наоѓа проксимално, а дланката дистално.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Gray's Anatomy 2016, стр. xvi-xvii.
- ↑ 2,0 2,1 Wake 1992, стр. 6.
- ↑ Dyce, Sack & Wensing 2010, стр. 2–3.
- ↑ Kardong's 2019, стр. 16.
- ↑ Collins 2020, "superior", accessed 2 July 2020.
- ↑ Collins 2020, "inferior", accessed 2 July 2020.
- ↑ Collins 2020, "anterior", accessed 2 July 2020.
- ↑ Collins 2020, "posterior", accessed 2 July 2020.
- ↑ Wake 1992, стр. 5.
Литература
уреди- „Collins Online Dictionary | Definitions, Thesaurus and Translations“. www.collinsdictionary.com (англиски).
- Dyce, KM; Sack, WO; Wensing, CJG (2010). Textbook of veterinary anatomy (4. изд.). St. Louis, Missouri: Saunders/Elsevier. ISBN 9781416066071.
- „GeneOntology“. GeneOntology. The Gene Ontology Consortium. Посетено на 26 October 2014.
- Standring, Susan, уред. (2016). Gray's anatomy: the anatomical basis of clinical practice (41st. изд.). Philadelphia. ISBN 9780702052309. OCLC 920806541.
- Kardong, Kenneth (2019). Vertebrates: comparative anatomy, function, evolution (8. изд.). New York: McGraw-Hill. ISBN 9781260092042.
- „Dictionary by Merriam-Webster: America's most-trusted online dictionary“. www.merriam-webster.com (англиски).
- Wake, Marvale H., уред. (1992). Hyman's comparative vertebrate anatomy (3rd. изд.). Chicago: University of Chicago Press. ISBN 9780226870113.