Стоил Стоилов
Стоил Стоилов (30 мај 1893 - 20 октомври 1944) - бугарски драмски и оперетен режисер, глумец и театарски деец.
Стоил Стоилов | ||
Роден | 30 мај 1893 Шумен, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 20 октомври 1944 Софија | |
Националност | Бугарин |
Животопис
уредиРоден е во Шумен на 30 мај 1893 г. За првпат учествувал во претстава во текот на 1900 година во католичкиот пансион во Софија. Потоа заминал да учи трговска академија во Виена, но влегол како член во драмското училиште „Ото“, каде учел сценско искуство од 1909 до 1912 година. По враќањето во Бугарија, поради недостаток на работни места во Народниот театар, влегол на работа во Министерството за народно просветителство.
За време на Првата светска војна бил преведувач во Букурешт.[1] Дебатирал во Народниот театар во 1919 година со улогата на Франц Мор во „Разбојници“ од Фридрих Шилер. Поканет бил да стане глумец и режисер во драмско-оеперскиот театар „Ренесанс “, а кратко време работел како режисер во оперскиот театар во Цариград.[2] Од 1920 до 1922 година, работел во „Слободен театар“ на Петар Стојчев. Во 1922 година бил еден од основачите на оперскиот „Кооперативен театар “, каде отанал како режисер до 1941 година, кога со указ на царот Борис III бил назначен за директор на Скопскиот народен театар, во кој работел до 1944 година.[3] Починал на 20 октомври 1944 година во Софија.
Дела поставени на сцената
уредиСтоил Стоилов како режисер поставил бројни дела на сцената, меѓу кои позначајни се:
- „Борислав“ на Иван Вазов
- „Контролорот на спалните вагони“ на Александар Бисон
- „Грофица Марица“ на Имре Калман
- „Царицата на чардашот“ на Имре Калман
- „Комисија за моралот“ на П. Морај
Наводи
уреди- ↑ ЦДА, Ф. 984К, оп. 1, а.е. 10, л. 21
- ↑ ЦДА, Ф. 984К, оп. 1, а.е. 10, л. 44-45
- ↑ Културно-просветната политика на Бугарија во Вардарска Македонија, 1941 - 1944 г.