Стара џамија (Отушиште)

џамија во Отушиште, Теарце, Тетовско

Стара џамијаосманлиска џамија во поранешното село Отушиште, денес маало на селото Теарце, Тетовско. Му припаѓа на Тетовското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Стара џамија
Основни податоци
МестоОтушиште, Теарце, Македонија
Координати42°04′46.8″N 21°03′20.1″E / 42.079667° СГШ; 21.055583° ИГД / 42.079667; 21.055583
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
Завршен1906 - 1907
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Архитектонски опис

уреди

Џамијата се наоѓа во центарот на селото, на главната улица „Маршал Тито“. Од сите страни е обиколена со улици и нема двор. Од североисточната страна има стара воденица, која сè уште работи. Џамијата е од типот на еднопросторни ашхаб-џамии на квадратна основа и покриена е со покрив на четири води и има масивни камени ѕидови. Влезот е преку затворен трем, каде се доградени чешми. На челната стена лево и десно од влезната врата има по еден михраб. Вратата има украсни геометриски елементи и стилизирани метални розети со алки. Во молитвениот простор доминира слепата дрвена купола, обработена со шарени цветни мотиви. Михработ е украсно обработен и поставен на југоисточниот ѕид со минбер во аголот. На северозападниот ѕид со дрвена конструкција е поставен махвил (галерија). Ѕидовите се украсени и со рамномерно поставени цветни елементи. Минарето е поставено на северозападниот агол на џамијата. Тоа е многуаголно, со основа од обработен бигор и завршува со конусен покрив. Преодот кон шерефето е украсен со стакалктити. На минарето се вградени две плочи. Eдната e камена, на која стои исламската година „1324“, односно 1906 - 1907 по грегоријанскиот календар; другата е мермерна со истата година, како и годината на реконструкција — 1988.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Стара џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2014-03-13. Посетено на 14 април 2014.