С’штинска Средна Гора
С’штинска Средна Гора (бугарски: Същинска Средна гора) — планински масив во централна Бугарија.[1]
С’штинска Средна Гора е централниот дел на планинскиот венец Средна Гора. Сместена е помеѓу клисурата на реката Тополница на запад и горниот тек на реката Стрјама на исток. Таа е највисокиот дел на Средна Гора — тука e сместен највисокиот врв на планинскиот венец Гољам Богдан (1.604 мнв). Други повисоки врвовите се Бунаја (1.572 мнв) и Братија (1.519 мнв). Врвните делови на С’штинска Средна Гора се зафатени со пасишта, додека долните делови се заземени од стари букови шуми.
Природни карактеристики, економска важност
уредиПланината е главно направена од гнајси, гранити, лапорово-варовнички седименти и вулканогени материјали, кои го одредуваат присуството на богати наоѓалишта на бакарна руда (рудниците „Елшица“, „Асарел“, „Медет“ итн.) и минерални извори (Панаѓурска Бања, Стрелча, Красново, Старо Железаре, Хисарја, Клисура и др.).
Климата е преодно-континентална, а во највисоките делови — планинска.
Почвената покривка е главно претставена со кафеави шумски и циметни шумски почви. Големи површини на планината се окупирани од дабови и букови шуми и големи ливади и пасишта. Се развиваат рударството, сечата, обработката на дрво и сточарството. На неговите јужни сончеви падини се засадени големи лозја.
Наводи
уреди- ↑ Николай Мичев, Цветко Михайлов, Иван Вапцаров, Светлин Кираджиев, Географски Речник На България, София, Наука и изкуство 1980
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Кираджиев Свелтин, Енциклопедичен географски речник на България, София, Изток-Запад. 2013 ISBN 6191521421