Список на археолошки наоѓалишта во Беровско

Ова е список на археолошките наоѓалишта во Беровско,[1] односно на наоѓалиштата кои се наоѓаат на територијата на Општина Берово. Подредени се по азбучен редослед на населените места во или кај кои се наоѓаат. Списокот веројатно не е целосен.

Населено место Општина Име Тип Период
Берово Берово Бреза населба доцноантичко време
Врчвите некропола-тумули железно време
Градиште населба и некропола доцноантичко време
Долно Градиште-Јабланица населба римско време
Келаклевец населба доцноантичко време
Ковачилница утврдена населба железно, доцноантичко време и среден век
Куќата населба римско време
Линако населба доцноантичко време
Пашајлов Преслап населба доцноантичко време
Попов Рид градиште доцноантичко време
Св. Архангел Михаил јами среден век
Селца населба римско време
Шабанско Градиште градиште доцноантичко време
Широк Дол могили доцноантичко време
Будинарци Берово Авлија некропола-могила римско време
Градиште градиште римско време
Каменица населба доцноантичко време
Лаките-Селиште населба римско време
Поповица некропола-тумули железно време
Присој населба доцноантичко време
Селиште населба римско време
Чука могила римско време
Владимирово Берово Бараица населба и тумул неолитско време; железно време
Белов Јурт населба среден век
Градиште градиште доцноантичко време
Грамадата населба доцноантичко време
Грамадје населба доцноантичко време
Ѓузелџе црква старохристијанско време
Ковачка Чука градиште среден век
Материца градиште доцноантичко време
Могилка могила доцноантичко време
Селото населба сревен век
Увашлија населба железно време
Црквиште базилика старохристијанско време
Двориште Берово Бабини Колиби населба доцноантичко време
Градиште I градиште доцноантичко време
Градиште II градиште доцноантичко време
Рабуш населба доцноантичко време
Црква црква старохристијанско време
Мачево Берово Воднико населба неолитско време
Градиште градиште доцноантичко време
Гробишта црква со некропола старохристијанско време
Караѓузлија населба римско време
Кремениште - Селиште населба римско време
Манастир црква старохристијанско време
Мачево населба хеленистичко време
Мачевски Чуки могили римско време
Могила могила римско време
Цуцуло населба римско време
Человеко могила римско време
Митрашинци Берово Будица населба неолитско време
Дивидија некропола среден век
Манастир населба и црква доцноантичко време; старохристијанско време
Свети Илија црква старохристијанско време
Селиште населба среден век
Шумутница населба римско време
Ратево Берово Градиште I градиште и некропола доцноантичко време
Градиште II градиште и црква доцноантичко време; старохристијанско време
Грамади населба доцноантичко време
Жизница населба доцноантичко време
Манастир базилика старохристијанско време
Слатина могила доцноантичко време
Русиново Берово Ан населба доцноантичко време
Градиште градиште доцноантичко време
Долно Грамаѓе населба и црква римско време; старохристијанско време
Дунковец могила римско време
Петрово Брдо населба доцноантичко време
Плашица населба-викус доцноантичко време
Терзиевец населба доцноантичко време
Црквиште I црква старохристијанско време
Црквиште II црква старохристијанско време
Чука градиште доцноантичко време
Џами Тепе црква среден век
Смојмирово Берово Брестови населба доцноантичко време
Милина Црква црква старохристијанско време

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 9–15. ISBN 9989649286.