Мачевски Чуки (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Мачевски Чуки

Карта

Местоположба 41°44′54″N 22°47′40″E / 41.74833° СГШ; 22.79444° ИГД / 41.74833; 22.79444
Основни податоци
Место Робово
Општина Пехчево
Тип

 могила


Период римско време
Портал „Археологија“

Мачевски Чукимогили од римското време. Помеѓу селата Мачево и Смојмирово, од десната страна на селскиот пат и на околу 1 километар јужно од селото, пред мостот на Умленска Река се наоѓаат две могили. Првата могила е голема, со пречник во основата од околу 50 метри и височина од 5-6 метри и е подигната на мала рамнина. На 25 метри од неа е другата могила со пречник во основата од 18 метри и височина до 2 метри. При трасирањето и изградбата на новиот асфалтен пат могилата е прилично засечена на јужниот крај од каде биле извадени железни предмети и делови од опрема на кола (шини од тркала, спојници и сл.). Наодите не се зачувани.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069