Политика на Македонија

Република Македонија е република со мешовит тип на организација на власта. Единствено отстапување од мешовитиот тип на организација на власта и, општо, од принципот на поделба на власта е уставното решение Собранието на Република Македонија да може да биде распуштено само преку одлука на своите пратеници. Ова уставно решение е карактеристично за политичките системи со собраниски тип на организација на власта. Македонија е парламентарна демократија. Власта е поделена на законодавна, извршна и судска. Уставот е највисокиот закон во државата.

Зградите на Владата на Република Македонија во Скопје (пред нивната обнова)
Зградата на Собранието на Република Македонија во Скопје

Политичките институции на Република Македонија се конституираат според волјата на граѓаните преку тајно гласање на општи, слободни избори. Политичкиот систем на парламентарна демократија е воспоставен со Уставот на Република Македонија од 1991 година, којшто ги поставува основните принципи на демократијата и ги гарантира основните слободи и права на граѓанинот.

Претседатели уреди

Од осамостојувањето на Република Македонија досега четири личности биле претседатели. Тоа се:

Влада уреди

Премиери уреди

Од осамостојувањето на Република Македонија досега шест личности формирале влади. Тоа се:

Политички партии уреди

Организации уреди

Поврзано уреди