AEGEE
AEGEE, Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (француски: Association des Etats Généraux des Etudiants de l’Europe), е европски студентски форум, една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. Името го добила од Егејското Море и првиот парламент основан во рамките на француската револуција.
AEGEE претставува студентска, невладина, неполитичка, непрофитабилна организација. Денеска ја има во 300 универзитетски градови и обединува 20 000 членови преку идејата за обедината Европа.
Европа без граници, без препреки, непријателства и без наметнати разлики. Почитувајки се меѓусебно, а притоа да не се одрекуваме од своите особености, култури, религии, историски вредности, можеме да ја зајакнеме свеста за обединета Европа и да изградиме Европа која ќе биде симбол на слободата, демократијата, човековите права, взаемното почитување.
Структура
уредиAEGEE е европска и не постои на национално ниво. Целосно се потпира на локални групи, наречени антени. Организацијата е координирана од европскиот одбор на директори во Брисел, што се нарекува Comite Direceur.
Работните групи (Working groups) се скелетот на АЕГЕЕ мрежата, а меѓу многуте се и: Исток-Запад, Човекови права, Образовна работна група, Р.Г. за Слободен Визен Режим, Еколошка работна група и др.
Агора е генерално собрание кое се одржува двапати годишно. АЕГЕЕ организира и конференции и семинари на определени теми: Мир и стабилност, Европа без граници, Фаст фуд општество, итн. Во 2000 година имаше 286 конференции и летни универзитети.
Централните годишни настани се летните универзитети. Се одржуваат на ниво на антените со цел запознавање на јазикот на една земја, нејзината култура, начинот на живот, обичаите, историјата и сл. ЛУ во просек трае две недели и предтставува најдобар начин на стекнување нови пријатели и патувања ширум Европа.
Летните универзитети се одржуваат во преку 100 европски градови, така што им овозможуваат на сите заинтересирани голем избор, а генералната цена за нив е 150 €.
AEGEE-Скопје
уредиАЕГЕЕ - Скопје е дел од разгранетата мрежа на АЕГЕЕ - Европа. Основано е во 1993 година при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Вклучувајќи се во сите активности на АЕГЕЕ мрежата, АЕГЕЕ - Скопје за само 7 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 година за една од десетте најуспешни антени во Европа. АЕГЕЕ - Скопје издава и магазин Europe – No borders no limits којшто е прогласен за најдобра европска студентска публикација во АЕГЕЕ мрежата во 1994 и 2000/2001. АЕГЕЕ - Скопје е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт и Валенсија. АЕГЕЕ - Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани, како:
- Летни универзитети
- Виа Игнатиа (1996) - организиран во соработка со АЕГЕЕ-Солун и АЕГЕЕ -Истанбул
- 7/8 (1997) - организиран во соработка со АЕГЕЕ Белград
- Патување низ Македонија (1998) - Country of culture, Land of Nature
- Две култури сјаат под балканското сонце (1999) - организиран во соработка со АЕГЕЕ -Атина
- Шо е шо, а шо е не? (2000)
- Рецепт за добар одмор (2001) - организиран во соработка со АЕГЕЕ- Белград
- Македонски древнини (2002)
- Македонска бајка (2003)
- Зимски универзитети
- Ski Week (1997/1998) Маврово
- Ski Week (1998/1999) Маврово
- Ski Week (1999/2000) Маврово
- Ski Week (2002/2003) Пелистер
- Конференции
- Приватизација во Источна Европа (1995)
- Да ја разбереме Европа (1996)
- CST1 ex-Yugoslavia (1996)
- Визии за 21 век (1997, локален настан )
- Македонија, каде што виното значи квалитет (1998)
- Еврото и ние, со еврото во Европа (1998, локален настан)
- CST2 ex- Yugoslavia (1999)
- Панел дискусии за Европската Унија (1999, локален настан)
- Претседателски собир (2000)
- Get in the culture, feel the nature (2000)
- Еколошка експедиција на езерото Матка (2000, локален настан)
- Балкан Идеја, 2000
- Education Action Week – европска недела на образованието, 2001
- 10 Години АЕГЕЕ- Скопје (Локален Настан) 2002
- Презентација на АЕГЕЕ - Скопје за нови членови 2002
- Летајте на Крилјата на знаењето - НВО саем 2002
- Европските димензии во високото образование 2002
- Пролетен ден во Европа 2003
- Пролетен Ден во Европа 2004
- Размени (остварени со други АЕГЕЕ антени)
- Атина (1999)
- Благоевград (1999)
- Белград (1999)
- Утрехт (2000)
- Нови Сад (2000)
- Загреб (2001)
- Ниш, Белград, Загреб, Марибор, Никшиќ, Нови Сад, Приштина, Павија (Италија) 2002
- Марибор (2003)
За тековната година АЕГЕЕ- Скопје има изработено неколку амбициозни проекти кои во својата срж ја носат најблагодарната идеја за меѓучовечко разбирање, позитивно мислење, отвореност на мислите, љубов и толеранција. Освен исклучително високата амбициозност, ентузијастичкиот пристап, мотивираноста и волјата на нашите членови студенти - а идни двигатели на Европа и Македонија во неа, мошне важен сегмент во животот на АЕГЕЕ се и позитивните односи со медиумите и потенцијалните спонзори и пријатели на европската идеја за еден похуман свет и подобар живот за сите во обединета Европа. Тоа всушност е мотото на нашата организација.
AEGEE-Skopje беше организатор на најголемиот настан во целата мрежа - Пролетна Агора 2004! “Some call it Europe, we call it home”.
Надворешни врски
уреди- AEGEE-Europe
- AEGEE Television Архивирано на 21 јули 2018 г.
- Официјално мрежно место на AEGEE-Скопје