Кросен на Елстер (во периодот 1937-1991 познат како Кросен/Елстер; германски: Crossen an der Elster) — општина во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Кросен на Елстер
Поглед на местото
Поглед на местото
Поглед на местото
Грб на Кросен на Елстер
Кросен на Елстер во рамките на Германија
Кросен на Елстер
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Холцланд
Општ. заед. Хајделанд-Елстертал-Шкелен
Месни единици 3
Градоначалник Уве Бернт (Левица)
Основни податоци
Површина 10,8 км2
Надм. височина 176 м
Население 1.545 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 143 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHK
Пошт. бр. 07613
Повик. бр. 036693
Портал www.crossen.de
Местоположба на Кросен на Елстер во рамките на округот Зале-Холцланд
Карта
Карта
Координати 50°58′35″N 11°58′40″E / 50.97639° СГШ; 11.97778° ИГД / 50.97639; 11.97778

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Хајделанд-Елстертал-Шкелен.

Географија уреди

Кросен се наоѓа во близина на Ајзенберг на вливот на Рауда во Вајсе Елстер, недалеку од покраинската граница со Саксонија-Анхалт.

Соседни општини уреди

Соседни општини се Хартмансдорф, Хајделанд, Рауда и Зилбиц во округот Зале-Холцланд, како и Ветерцојбе во округот Бургенланд во Саксонија-Анхалт.

Општински единици уреди

На општината Кросен припаѓаат местата Алендорф, Таухлиц и Никелсдорф.[2]

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Wolfgang Kahl: Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer. Ein Handbuch. 5., verbesserte und wesentlich erweiterte Auflage. Rockstuhl, Bad Langensalza 2010, ISBN 978-3-86777-202-0, S. 14, 281 und 198.

Надворешни врски уреди