Александар Наумоски

Александар Наумоски[1] — градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ[2] во периодот од 2017 до 2021 година. Од 2022 ја извршува функцијата Претседател[3] на СУНР[4] - Совет за унапредување и надзор на ревизијата е основан од страна на Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерот за финансии како самостојно и независно регулаторно тело.

Александар Наумоски
На должноста
2017–2021
Противкандидати Владо Мисајловски
Претходник Сокол Митровски
Наследник Александар Стојковски
Лични податоци
Роден(а) 15.06.1977
Националност Македонец
Партија СДСМ
Образование Дипломиран правник

Образование

уреди

Во Ѓорче Петров завршил основно образование во ОУ „Мирче Ацев”, а средно образование во СУЦ „Васил Антевски Дрен”

Дипломирал на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока граѓанско право. Има положено правосуден и нотарски испит.

Магистер е по уставно право на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Течно зборува англиски јазик, основни познавања на францускиот јазик.

Кариера

уреди

2001 декември – 2004 ноември, Адвокатска канцеларија – адвокатски приправник;

2002 октомври – 2003 јуни, регулирана воена обврска – Воено воздухопловство при АРМ, А-1 Персонален менаџмент, војник-правник;

2004 декември – 2005 октомври, Централен регистар на РМ – Едношалтерски систем – советник на генералниот директор за правни прашања;

2006 јануари – до април 2011, Министерство за правда на РМ – соработник во Секторот за поддршка на владиниот агент, застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и извршување на одлукте на Европскиот суд под надзор на Комитетот на министри при Советот на Европа.

Секретар на повеќе работни групи за изготвување на закони;

Член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа (DH-PR) 2008;

2011 април – 2013 ноември, Еуролинк осигурување АД Скопје, ликвидатор на штети по зелена карта во Сектор за зелена карта.

2013 ноември – 2016 декември, Извршен директор во Уготур АД Скопје;

2017 јануари – 2017 август, Приватен стопанственик, менаџер на Метал тринaесет ДООЕЛ;

2017 август – Директор на КПУ ЗАТВОР – СКОПЈЕ;

На локалните избори 2017 година (октомври) е избран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров

2022- до денес, Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.

Наводи

уреди
  1. „Александар Наумоски“. Truthmeter. 2018-01-26. Посетено на 2024-01-11.
  2. „Социјалдемократски сојуз на Македонија“, Википедија, 2023-12-22, Посетено на 2024-01-11
  3. „За нас – СУНР“. Посетено на 2024-01-11.
  4. „СУНР – Совет за унапредување и надрзор на ревизија“. Посетено на 2024-01-11.