Смоквијада е традиционална фестивалска манифестација која се одржува во Гевгелија од 2007 г. Оваа манифестација во чест на смоквата се одржува на ракометното игралиште на Градскиот стадион, започнува со натпреварот во варање на слатко од смокви. Рекорден број на учесници, кои во парови го подготвуваат слаткото што ќе го оценува посебна жири комисија.

Лого на манифестацијата Смоквијада
Изложени смоквини производи на фестивалот

Во фолкорното дефиле на Смоквијада низ годините, учество заземале фолклорниот ансалбал „Бојмија“ од Гевгелија, рок-групата „Зијан“ од Гевгелија, ансамбалот „Распеани гевгеличани“, Мандолинскиот оркестар при КУД „Јуриј Лончариќ“ од Хрватска, фолклорен ансалбал од Поликастро, Грција, пејачката група „Пела“ од Словенија, првиот Македонски идол Иван Раденов, фолклорното друштво „Шарена Гајда“ од Бугарија и кумановскиот боем Нино Величковски.

Забележително е и учеството на Меѓународната организација на локална храна – Слоу Фуд со присуство на 11 штандови од повеќе региони во Македонија (гевгелиско – валандовскиот регион, Пелагонија, Куманово, Поречје, Осогово, Малеш), потоа од Белград, Србија како и екипа на „Празникот на тиквите“ од Севлиево од Бугарија. Тие пред посетителите претставуваат традиционални производи познати во нивните краеви. Исто така три години по ред на Традиционалната смоквијада, учество заземаа студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија.

Во организацијата на Здружението на граѓани „ТеРа“, а под покровителство на општина Гевгелија во соработка со хотелите и рестораните, велат дека манифестацијата има за цел да го сочува традиционалниот начин на готвење слатко од зрели смокви, а од друга страна да го врати оригиналниот начин на пречекување гости во домот со слатко од смокви. Гевгелиското слатко од смокви е барано во Европските држави, САД, како и во Австралија, а најголем интерес има од страна на македонската дијаспора.

Драги Хаџи Николов, претседател на Советот на општина Гевгелија за Смоквијада, 2013 изјави:

Смоквијадата е гевгелиски бренд, бидејќи ова е најголемото јавно приготвување на слатко од смокви во земјата. Но, Смоквијада не претставува само фестивал на смоквите – средоземно овошје, кое се огледува и од него произведува најквалитетното слатко, туку и промоција на традиционалната храна и производи во пограничниот регион.

Застапеноста на смоквата во Гевгелискиот регион

уреди

Близината на Егејското Море, реката Вардар, како и високите планини Кожуф и Пајак, кои ја делат Гевгелиската и Валандовската Котлина од другите, обусловуваат спој на континентална и средоземна клима. Потекнува од средоземниот дел на југозападна Азија, најраспространета во тие земји (Турција, Грција, Италија и Шпанија). Припаѓа на родот Ficus од фамилијата Moraceae со околу 800 видови распространети во топлите предели на Земјината топка. Од нив повеќе од 40 видови се смокви, а најпознат вид е обичната смоква Ficus carica, која успева токму во гевгелиско.

Надворешни врски

уреди