Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија

Факултетот за туризам и бизнис логистика, со седиште во Гевгелија и дисперзирани студии во Штип и Скопје, како високообразовна установа и единица во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип беше основан во 2008 година. Во првата академска 2008/2009 година Факултетот започна со една студиска програма, односно Студиската програма за туризам во Гевгелија и во Штип. Бројот на студенти во првата академска година изнесуваше 150 редовни и вонредни студенти, од кои 102 во Гевгелија и 48 во Штип. Во академската 2009/2010 година, покрај наведената Студиска програма за туризам, за идните студентите се отвораат можности да се запишат на уште две нови студиски програми: Бизнис логистика во Гевгелија и во Скопје и Гастрономија, исхрана и диететика во Штип. Покрај првиот циклус на студии, акредитирана е и 'Студиската програма за меѓународен туризам од вториот циклус двегодишни магистерски студии. Министерството за образование и наука на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“Штип му издаде согласност за организирање на обуки за туристички водич, туристички придружник и раководител на туристичка агенција.

Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија
Виддржавен
Основан2008
ДеканНикола Димитров
МестоГевгелија, Република Македонија
ПрипадностУниверзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
ftb.ugd.edu.mk

Организација и структура

уреди

Функцијата декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика ја врши проф. д-р Никола В. Димитров, а продекан за настава е проф. д-р Дејан Методијески. Студиските програмисе организирани во:

Носител на студиите е Факултетот за туризам и бизнис логистика, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Факултетот за туризам и бизнис логистика, а тоа се[1]:

  • Катедра за туризам
  • Kaтедра за бизнис логистика
  • Катедра за гастрономија, исхрана и диететика

Прв циклус на студии

уреди

Студирањето на Факултетот за туризам и бизнис логистика се организира во согласност со Законот за високото образование. На додипломски студии може да се запише лице кое има завршено четиригодишно средно образование и ако ги исполнува условите и критериумите утврдени со конкурсот за запишување. Пријавувањето се врши со оригинални документи. Факултетот развива активна соработка со исти и сродни факултети од државава и од странство. Наставата се реализира преку задолжителни и изборни предмети со определен број кредити и часови. Наставната програма по секој предмет содржи теоретски предавања, практични вежби, изработка на семинарска работа, реализација на два колоквиума и завршен испит. За проверка на знаењата во текот на семестарот се организираат по два колоквиума од секој предмет и на крајот се изведува завршен испит од предметот. Секој испит може да се полага во три редовни сесии во годината: февруарска, јунска и септемвриска.

Во првиот циклус на студии на Факултетот за туризам и бизнис логистика се изучуваат следниве студиски програми[2]:

  • Туризам
  • Бизнис логистика
  • Гастрономија, исхрана, диететика
  • Хотелско-ресторанска насока

Со завршувањето на првиот циклус на студии - шести семестар (трета година), студентот на Студиската програма за туризам се стекнува со диплома (звање) стручен назив – менаџер по туризам. Дипломираниот студент има можности за вработување во хотели, туристички агенции, туристички бироа, мотели, во разни туристички центри за унапредување и развој на туризмот и сл. Студентите во текот на летните месеци, во државата или во странство, реализираат задолжителна феријална пракса во туристички објекти.

Со завршувањето на првиот циклус на студии - шести семестар (трета година), студентот на Студиската програма за бизнис логистика се стекнува со диплома (звање) стручен назив – менаџер по бизнис логистика. Дипломираниот студент има можности за вработување во широкиот бизнис сектор, министерствата, државната и локалната јавна администрација. Студентите во текот на летните месеци, во државата или во странство, реализираат задолжителна феријална пракса во бизнис секторот, државната и локалната јавна администрација.

Со завршувањето на првиот циклус на студии - шести семестар (трета година), студентот на Студиската програма за гастрономија, исхрана и диететика се стекнува со диплома (звање) стручен назив – менаџер по туризам и угостителство. Дипломираниот студент - менаџер има можности за вработување во ресторани, хотели, туристички агенции, центри за исхрана и диететика и сл. Студентите во текот на летните месеци, во државата или во странство, реализираат задолжителна феријална пракса во угостителски објекти, центри за исхрана и диететика, туристички агенции.

Втор циклус на студии

уреди

Во првиот циклус на студии на Факултетот за туризам и бизнис логистика се изучуваат следниве студиски програми[3]:

  • Бизнис логистика - студиска програма во траење од една година
  • Бизнис логистика - студиска програма во траење од две години
  • Меѓународен туризам - студиска програма во траење од една година
  • Меѓународен туризам - студиска програма во траење од две години

Факултетот за туризам и бизнис логистика располага со доволен простор за реализирање на теоретската настава. Во текот на вториот циклус на студии студентите се запознаваат со методите на научноистражувачката работа и им се овозможува да се стекнат со продлабочени знаења од соодветната научна област. Покривањето на трошоците за спроведување на вториот циклус на студии ќе се реализира со самофинансирање на кандидатите. Висината на износот, начинот на уплата и сите други услови се регулирани со Правилник за втор циклус на студии. Кандидатот кој ќе ги заврши соодветните планови и програми за научното и професионално усовршување и успешно ќе го одбрани магистерскиoт труд се здобива со степен на стручна подготовка, академски и научен степен - магистер. Дипломата гласи: магистер по меѓународен туризам. Дипломата ја издава Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, а ја потпишуваат ректорот на Универзитетот и деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика. На вториот циклус студии можат да се запишат дипломирани студенти со просечен успех од најмалку 7,00 како и студенти кои претходно завршиле најмалку тригодишни студии на туристички и сроден факултет од прв циклус на студии со освоени 180 кредити.

Научноистражувачка дејност

уреди

Научната и истражувачка дејност на Факултетот е мотив повеќе за усовршување на наставниците, соработниците и лаборантите не само во државата туку и во странство, од каде се стекнуваат со нови искуства кои ќе бидат применувани во правец на унапредување и развој на современиот македонски туризам, бизнис логистика и гастрономијата во целина.

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Факултет за туризам и бизнис логистика - „Катедри и институти". Архивирано од изворникот на 2013-01-28. Посетено на 2013-03-07.
  2. „Официјално мрежно место на Факултет за туризам и бизнис логистика - „Прв циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2012-12-23. Посетено на 2013-03-07.
  3. „Официјално мрежно место на Факултет за туризам и бизнис логистика - „Втор циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-02-14. Посетено на 2013-03-07.

Надворешни врски

уреди