Сминица

планина во Егејска Македонија
(Пренасочено од Смилница)

Сминица (Смилица, Смила, Змијница) или Серски Боздаг, Мал Боздаг (грчки: Μενοίκιο, Меникио) — планина во североисточниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. По нае минува границата меѓу општините Сер и Просечен. Највисок врв е Караѓоз Ѓол (Μαυρομμάτα, Мавромата) со височина од 1.963 метри, наречен по истоимената месност во околината. За време на бугарската окупација во Серско во текот на 1940-тите години, врвот е преименуван во Варовитец.

Сминица
Поглед на Сминица од Славјанка. Лево во далечината е масивот на Кушница
Највисока точка
ВрвКараѓоз Ѓол
Надм. вис.1.963 м
Географија
Сминица на карта

Карта

МестоСерски и Драмски округ, Егејска Македонија (денес во Грција)
ЗемјаГрција

Физички одлики

уреди

Речиси целата планина се состои од мермерни карпи. Во ниските делови има песокливи терциерни наслаги и наносни конуси. Сминица е обесшумена, гола и претставува една од најпустите планини на Балканскиот Полуостров.[1]

Населени места

уреди

Најблиски населени места околу планината се градовите Сер и селото Зелјахово на југ и селата Алистратик и Крлуково на запад и север. Подрачјето е меѓу најненаселените на Балканот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.14.

Надворешни врски

уреди