Ирска војна за независност
Ирската војна за независност (ирски: Cogadh na Saoirse)[4] или Англо-ирска војна била герилска војна која се водела во Ирска од 1919 до 1921 помеѓу Ирската републиканска армија (IRA) и британските сили: Британската армија, заедно со квазивоената Кралска ирска полиција (RIC) и нејзините паравоени сили.
Ирска војна за независност | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Борци на Ирската републиканска Армија |
|||||||||
|
Во април 1916, ирските републиканци го започнале Велигденското востание против британската власт и прогласиле Република. Иако востанието било задушено после една недела борба, востанието и британскиот одговор довеле до поголема поддршка за ирската независност. На изборите во декември 1918, републиканската партија Шин Фејн извојува убедлива победа во Ирска. На 21 јануари 1919 тие формирале влада и прогласиле независност на Ирска. Истиот ден, двајца офицери на RIC биле убиени во заседа од страна на доброволци на IRA кои дејствувале самоиницијативно. Конфликтот се развивал постепено. Поголемиот дел од 1919, активноста на IRA се состоела од заробување на оружје и ослободување на републикански затвореници, додека парламентот се зафатил со изградба на државата. Во септември, британската влада го прогласила парламентот и Шин Фејн за незаконски и конфликтот се интензивирал. IRA започнала со заседи на RIC и Британската армија, напаѓајќи ги нивните касарни и принудувајќи изолираните касарни да бидат напуштени.
Во средината на 1920, републиканците ја презеле контролата во повеќето окружни совети, поради што Британската влада вовела овластувања за итни случаи. Околу 300 луѓе биле убиени до крајот на 1920, но конфликтот ескалирал во ноември.
Конфликтот во североисточен Алстер имал сектаријанистички аспект. Додека католичкото малцинство главно ја поддржувало ирската независност, протестантското мнозинство воглавно било унионистичко/лојалистичко. Во мај 1921, Ирска била поделена со закон, со кој била создадена Северна Ирска.
Прекинот на огнот започнал на 11 јули 1921. Преговорите после тоа довеле до потпишување на Англо-ирскиот договор на 6 декември 1921. Со тоа се завршило британското владеење во поголемиот дел од Ирска, и после десетмесечен преоден период надгледуван од привремената влада, била создадена Слободна Држава Ирска како самоуправен доминион на 6 декември 1922. Северна Ирска останала во рамки на Обединетото Кралство. После прекинот на огнот, насилството во Белфаст и борбите во пограничните области на Северна Ирска продолжиле, и IRA започнала офанзива во мај 1922, која завршила неуспешно. Во јуни 1922, несогласувањето помеѓу републиканците во врска со Англо-ирскиот договор довело до единаесетмесечна граѓанска војна. Слободната Држава Ирска доделила 62,868 медали за служба во Војната за независност.[5]
Наводи
уреди- ↑ Kautt, William H. (1999). The Anglo-Irish War, 1916–21: A People's War. Praeger Publishers. стр. 101. ISBN 978-0-275-96311-8.
- ↑ Hoyt, Timothy D. (2009). „Why Ireland Won: The War from the Irish Side“. Finest Hour. International Churchill Society. 143: 55. Архивирано од изворникот 13 May 2021. Посетено на 1 June 2021.
- ↑ Costello, Francis J. (January 1989). „The Role of Propaganda in the Anglo-Irish War 1919–1921“. The Canadian Journal of Irish Studies. 14 (2): 5–24. JSTOR 25512739. Архивирано од изворникот 23 September 2021. Посетено на 11 May 2021.
- ↑ Heatherly, Christopher J. (2012). Cogadh Na Saoirse: British Intelligence Operations During the Anglo-Irish War, 1916–1921 (reprint. изд.). BiblioBazaar. ISBN 9781249919506. Архивирано од изворникот 29 December 2020. Посетено на 22 December 2014.
- ↑ Richardson, Neil (2010). A Coward if I return, a Hero if I fall: Stories of Irishmen in World War I. Dublin: O'Brien. стр. 13.