Слободан Живојиновиќ
Слободан „Боба“ Живојиновиќ (роден на 23 јули 1963 г.) — поранешен српски тенисер кој се натпреварувал за СФР Југославија. Тој и Ненад Зимоњиќ се единствените српски тенисери кои биле рангирани на првото место на АТП листата во конкуренција на двојки. Во поединечна конкуренција, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година и до полуфиналето на Вимблдон во 1986 година, а негов најдобар пласман во кариерата во поединечна конкуреција било 19. место на АТП листата.
Слободан Живојиновиќ | |
---|---|
Живојиновиќ на Вимблдон | |
Земја | Југославија |
Место на живеење | Белград, Србија |
Роден на | 23 јули 1963 |
Роден во | Белград, СФР Југославија |
Спорт | Тенис |
Висина | м | 1,98
Професионалец | 1981 |
Пензинониран(а) | 1992 |
Игра со | Десна рака |
Заработка | $1,450,654 |
Поединечно | |
Победи-порази | 150–138 |
Титули | 2 |
Највисок пласман | Бр. 19 (26 октомври 1987) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | ПФ (1985) |
Ролан Гарос | 3К (1988) |
Вимблдон | ПФ (1986) |
УС Опен | 3К (1987) |
Во двојки | |
Победи-порази | 151–102 |
Титули | 8 |
Највисок пласман | Бр. 1 (8 септември 1986) |
Тениска кариера
уредиЖивојиновиќ настапил за СФР Југославија како петнаесетти носител на Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Јужна Кореја, и бил поразен во второто коло од французинот Ги Форже.
Тој освоил две титули во својата кариера во поединечна конкуренција (Хјустон, 1986 и Сиднеј, 1988), како и осум титули во двојки. Највисоко место на АТП листата во поединечна конкуренција, Живојиновиќ постигнал на 26 октомври 1987 година, кога бил на 19. светски тенисер.
На Гренд слем турнирите, Живојиновиќ двапати успеал да стигне до полуфинале. Како играч кој не бил носител на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година, тој незаборавно забележал победа над Џон Мекинро во пет сета во четвртфиналето за да се пласира во полуфиналето (каде загубил во три сета од Матс Виландер). Следната година, тој стигнал до полуфиналето на Вимблдон, во кое во пет сета бил поразен од Иван Лендл.
Во текот на кариерата, Живојиновиќ остварил биланс од 150 победи и 138 порази. Поголем успех тој постигнал во игра на двојки, освојувајќи ја титулата на Отвореното првенство на САД во 1986 година заедно со Андрес Гомес. Истата година тој победил на уште три турнири. На 8 септември 1986 година, тој бил рангиран на 1. место на АТП листата во двојки.
Титили во кариерата (10)
уредиПоединечно (2)
уредиЛегенда |
Гренд слем (0) |
Тениски Мастерс куп (0) |
АТП турнири (2) |
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1. | 17 ноември 1986 | Хјустон, САД | Тепих | Скот Дејвис | 6–1, 4–6, 6–3 |
2. | 10 октомври 1988 | Сиднеј, Австралија | Тврда | Ричард Матужевски | 7–6(10–8), 6–3, 6–4 |
Двојки (8)
уредиЛегенда |
Гренд слем (1) |
Тениски Мастерс куп (0) |
АТП турнири (7) |
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 8 јули 1985 | Бостон, САД | Тврда | Либор Пимек | Петер Мекнамара Пол Мекнејми |
2–6, 6–4, 7–6 |
2. | 17 март 1986 | Брисел, Белгија | Тепих | Борис Бекер | Џон Фицџералд Томаш Шмид |
7–6, 7–5 |
3. | 24 март 1986 | Ротердам, Холандија | Тепих | Стефан Едберг | Војтек Фибак Мат Мичел |
2–6, 6–3, 6–2 |
4. | 26 август 1986 | Отворено првенство на САД, Њујорк | Тврда | Андрес Гомес | Јоаким Нистрем Матс Виландер |
4–6, 6–3, 6–3, 4–6, 6–3 |
5. | 23 март 1987 | Брисел, Белгија | Тепих | Борис Бекер | Чип Хупер Мајкл Лич |
7–6, 7–6 |
6. | 30 март 1987 | Милано, Италија | Тепих | Борис Бекер | Серхио Касал Емилио Санчес |
3–6, 6–3, 6–4 |
7. | 8 октомври 1988 | Токио, Јапонија | Тепих | Андрес Гомес | Борис Бекер Ерик Џелен |
7–5, 5–7, 6–3 |
8. | 12 февруари 1990 | Брисел, Белгија | Тепих | Емилио Санчес | Горан Иванишевиќ Балаш Тароци |
7–5, 6–3 |
Титули во екипни натпреварувања (1)
уредиБр. | Датум | Натпреварувања | Подлога | Партнер/Тим | Противници во финалето | Резултат |
1. | 27 мај 1990 | Светско екипно натпреварување, Диселдорф, Германија | Земја | Горан Иванишевиќ Горан Прпиќ |
Џим Куријер Бред Гилберт Кен Флах Роберт Сегузо |
2–1 |
Гренд слем настапи
уредиТурнир | 1982 | 1983 | 1984 | 1985 | 1986 | 1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Отворено првенство на Австралија | A | A | A | ПФ | НО | 3К | 3К | 2К | A | A |
Отворено првенство на Франција | 1К | A | 2К | 2К | 1К | 1К | 3К | 1К | 1К | A |
Вимблдон | A | A | A | 2К | ПФ | ЧФ | 4К | 4К | 1К | 1К |
Отворено првенство на САД | A | A | A | 1К | 1К | 3К | A | 1К | A | A |
Гренд слем | 0 / 1 | 0 / 0 | 0 / 1 | 0 / 4 | 0 / 3 | 0 / 4 | 0 / 3 | 0 / 4 | 0 / 2 | 0 / 1 |
- A = не настапил на турнирот
- НО = турнирот не бил одржан
Надворешни врски
уреди- Слободан Живојиновиќ Профил на мрежното место на АТП (англиски)
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Јаник Ноа Андрес Гомес Андрес Гомес |
Светски Бр. 1 (двојки) 25 август 1986 - 7 септември 1986 22 септември 1986 - 19 октомври 1986 10 ноември 1986 - 23 ноември 1986 |
Наследник Андрес Гомес Андрес Гомес Андрес Гомес |
Претходник Бошко Ивановиќ |
Претседател на Тениска федерација на Србија 2006–2011 |
Наследник Вук Јеремиќ |