Требенишко Езеро
Требенишко Езеро (познато и како Бобано[1]) — природно езеро во непосредна близина на селото Требеништа, кое претставува најмладото природно езеро во Македонија настанато по природен пат.
Требенишко Езеро (Бобано) | |
---|---|
Поглед на езерото од исток | |
Подрачје | Требеништа, Македонија |
Координати | |
Вид | природно |
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 200 м км |
Најг. ширина | 80 м км |
Прос. длабочина | 3 м м |
Најг. длабочина | 5 м м |
Надм. височина | 850 м м |
Местоположба
уредиСе наоѓа на исток од село Требеништа на околу 1 км од центарот на селото[2]. Езерото е природно, настанало пред околу средината на XX век кога од ридот Габер дошло до лизгање на земјиштето и се затворило коритото на потокот кој течел од Горно Поле према с. Требеништа и се влевал во каналот на река Сатеска. Езерото се протега исток-запад. Должината изнесува околу 200 м а ширината околу 80 м[2]. Максималната длабочина изнесува околу 5 м, акумулира околу 30.000 м3 вода. Нивото на водата во летниот период се намалува од максимална за околу 2 м во висина. Северниот и западниот брег се пострмни а јужниот и источниот се поблаги[2]. Во езерото се влева поток кој доаѓа од Горно Поле од источната страна а од езерото истекува поток кој извира под самото лизгалиште каде што и порано пред создавањето на езерото течел потокот, а се влева во каналот на река Сатеска. Водата во езерото е матна[2]. Поради својата убава околина со ридови обраснати со зимзелена и листопадна шума, езерото е излетничко место, заради што непосредно до него се изградени и неколку летниковци. Непосредно покрај езерото минува и земјен пат кој води до селото Ливоишта, кој е многу погоден за велосипеди, а е во возна состојба и за сите видови моторни возила.
Рибен свет
уредиЕзерото е доста погодно и привлечно за рекреативен риболов[2]. Во езерото постојат следните видови на риби: крап, клен, писа, јагула, црна мрена, плашица, грунец, моранец и амурче. Во 1998 година од голема суша дошло до намалување на водата во езерото и најголемата длабочина изнесувала помалку од 2 м[2]. Во езерото, во минатото, од страна на концесионерот се констатирани неколку масовни помори на риба настанати како резултат на наалување на волуменот и појавата на бескислородни зони. Најголем помор е забележан кај: плашицата, кленот, мрената и моранецот во 2000 година. Во 2002 г. Езерото е порибено со околу 150 примероци на подмладок јагула и во два наврати со по 40-50 примероци на полово зрели единки на писа. Во 2004 г. порибено е со околу 100 примероци на подмладок од клен[2]. Во 2005 г. порибено е со околу 100 примероци на подмладок на јагула. Исто така и во 2009 г. порибено е со околу 100 примероци на подмладок од јагула[2]. Дополнително Езерото е порибено со рибата од Слатинско езеро која е префрлена за да се избега еколошка катастрофа, со околу 500 примероци на крап со тежина од 300 грама до еден килограм[1].
Галерија
уреди-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото