Симеон Кавракиров

Симеон Кавракиров (Солун, 16 ноември 1898 - Семково, Бугарија, 14 јуни 1934) — македонски револуционер, припадник на ВМРО (Обединета) и член на Бугарската комунистичка партија.

Симеон Кавракиров
Роден 16 ноември 1898
Солун, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал 14 јули 1934(1934-07-14) (возр. 35)
Семково, Бугарија

Образованието го започнува во родниот град. Во 1919 година се преселува во Софија, каде што студира право на Софискиот универзитет. Во 1920 година станува член на БКП и Емигрантскиот комунистички сојуз. Од 1924 година работи во Пловдив каде раководи со месниот комитет на БКП и воената организација. По нејзиното пропаѓање во мај 1925 година е осуден на една и пол година затвор. Влегува во ВМРО (Обединета) и од 1928 година е секретар на Обласниот комитет на организацијата, а од 1929 година раководител на третата револуционерна област (Пиринска Македонија). Под псевдонимот Павел работи по создавање групи на ВМРО (Об.) на територијата на Пиринска Македонија. На 8 јуни 1932 е киднапиран од бандити на ВМРО и две години e држан во робија. По деветнаесетомајскиот преврат 1934 година е убиен од нив во местото Семково, Рила планина. Неговата дејност го спротивставила со следбениците на Ванчо Михајлов, а тоа било причина во 1932 да биде грабнат, по наредба на Ванчо Михајлов, а по две години заложништво, Кавракиров бил убиен од ванчомихајловистите, кои се во тесни врски со бугарските фашисти.

Неговото име го носи селото Орман, Петричко, од 1951 година.

Надворешни врски

уреди