Сибујанско Море

море

Сибујанско Море — мало море во Филипините кое ги двои Висаите на југ од Лусон на север.

Сибујанско Море
Островот Сибујан во Сибујанското Море
Сибујанското Море (горе лево) на карта
Подрачје
Координати12°40′00″N 122°30′00″E / 12.66667° СГШ; 122.50000° ИГД / 12.66667; 122.50000
Видморе
ЕтимологијаСибујан

Се граничи со островот Панај на југ, Миндоро на запад, Масбате на исток и Мариндуке и Биколскиот Полуостров (на Лусон) на север.

Поврзано е со Сулското Море преку Таблашкиот Проток на запад, Јужнокинеското Море преку Иславерденскиот Проток на северозапад и Висајското Море преку протокот Хинтотоло на југоисток. Во рамките на Сибујанското Море се наоѓа и архипелагот Ромблон.

Историја

уреди

На ова место на 24 октомври 1944 г. се одиграла Битката во Сибујанското Море, во која американско-австралиските сили го потонале моќниот јапонски борбен бродМусаши“. Овие судири биле дел од поголемата Битка во Лејтскиот Залив — најголемата поморска битка во Втората светска војна.

Надворешни врски

уреди