Борбен брод
Борбен брод — голем оклопен брод со опрема која главно се состои од тешко калибарно оружје. Додека тие биле најголемите и најдобро вооружените оклопни бродови воопшто, борбените бродови биле користени за постигнување контрола врз морињата и го претставувале врвот на поморската моќ на државите од крајот на XIX век до Втората светска војна. Со подемот на воздушната сила, особено на авионите, борбените бродови повеќе не биле во можност да воспостават поморска супериорност, па така повеќето биле повлечени од активна служба.
Современите борбени бродови биле поуспешни со новата помоќна оклопна опрема и го споделувале истото вооружување, со нејзината стандардна големина и цена на борбените бродови од претходната генерација, но овие поседувале подобар оклоп и потенцијал за поголемо вооружување со поголема брзина. Дизајнот на борбените бродови се развил за да ги вклучи и да се приспособи на технолошките достигнувања на XX век.
Во 1906 година со промоцијата на “HMS Dreadnought” се предвестувала револуција во конструкцијата на воените бродови. Подоцнежниот дизајн кој бил под влијание на тој примерок бил наречен "dreadnoughts". Борбените бродови биле развивани во овој период од страна првиот британски морски предводник Џеки Фишер. Тие биле предвидени како поефикасни оклопни круизери, коишто можат да го уништат било кој нормален круизер додека се во состојба да ги престигне било кои бродови во можност да потонат. Од 1910 година таканаречените "super-dreadnoughts" биле пуштени во употреба. Во четирите години помеѓу "Dreadnought" и првите "super-dreadnoughts", од Орион класата, во поместување се зголоемила за 25% и тежината на предниот дел на бродот за вооружен напад се зголемила.
Многу патролни и борбени бродови од сите видови служеле во Првата светска војна, особено во битката на Јутленд. Ниту еден брод не бил изграден помеѓу времето на генерацијата “Nelsons” од почетокот на 1920-тите и “Dunkerques” од почетокот 1930-тите поради разни договори, но неколку борбени бродови сепак биле конструирани непосредно пред или за време на Втората светска војна. Последниот, “HMS Vanguard”, бил овластен само по војната во 1946 година.[1][2]
Од овој момент па натаму, повеќето борбени бродови и сите патролни бродови биле прибирани и расклопувани. “France's Jean Bart ” и “Turkey's Yavuz” биле последните укинати бродови. Сепак, примероците од американската класа “Ајова” биле произведувани до 1992 година со цел да им даде поддршка на војниците со огнено оружје; четири биле распоредени во Кореја, еден во Виетнам, а два во Ирак. Девет борбени бродови постојат денес како музејски експонати: осум во САД и еден во Јапонија.
Наводи
уреди- ↑ Поморски регистар за BB64(проверено на 21 јули 2011)
- ↑ Поморски регистар за BB63 (проверено на 21 јули 2011)
Литература
уреди- Брејер, Зигфрид (1973). Battleships and Battlecruisers of the world, 1905–1970. London: Macdonald/Jane's. ISBN 0-356-04191-3.
- Хервиг, Холгер (1980). Luxary Fleet, The Imperial German Navy 1888–1918. Ashfield Press. ISBN 0-948660-03-1.
- Махан, Алфред Таер. Reflections, Historic and Other, Suggested by the Battle of the Japan Sea. By Captain A. T. Mahan, US Navy. US Naval Proceedings magazine; June 1906, volume XXXIV, number 2. United States Naval Institute Press.
- Мејси, Роберт (1991). Dreadnought: Britain, Germany and the Coming of the Great War. Random House, NY. ISBN 0-394-52833-6.