Висајско Море

море во Филипините

Висајско Мореморе на територијата на Филипините, обиколено со регионите Источни и Западните Висаи од исток и запад, и Централни Висаи од југ. Околу морето се сместени островите Масбате на север, Лејте на исток, Себу и Негрос на југ, и Панај на запад.

Висајско Море
Висајското Море на карта на морските површини на Филипините
Подрачје
Координати11°30′00″N 123°40′00″E / 11.50000° СГШ; 123.66667° ИГД / 11.50000; 123.66667
Видморе
ЕтимологијаВисаи

Морето е поврзано со Сибујанското Море на северозапад преку протокот Хинтотоло, со Самарското Море на североисток, Камотското Море на југоисток, Бохолското Море на југ преку протокот Тањон и Сулското Море преку Гимарашкиот Проток и Панајскиот Залив. Најголем остров во Висајското Море е Бантајан.