Сотир Ристопоет и прозаист од Република Албанија кој пишува на македонски и албански.

Сотир Ристо
Роден 16 март 1974
Леска, Мала Преспа, Република Албанија
Занимање писател

Животопис

уреди

Роден е на 16 март 1974 година во Леска, Мала Преспа. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност.[1]

Книжевно творештво

уреди

Својот прв роман Ноќ на шепотите го објавил во Албанија (на албански јазик) за престижната издавачка куќа „Теона“. Романот го прикажува животните прилики на Македонците во Албанија за време на режимот на Енвер Хоџа. На македонски јазик ја објавил прозната книга Продолжено образование и други прози.[2] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 215-218.