Свето Тројство

(Пренасочено од Светата Троица)
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Светото Тројство (Света Троица) — христијанско учење според кое Бог претставува една единка што постои истовремено и вечно како како три личности: Господ-Отецот, Исус Христос и Светиот Дух, кои заедно се Света Троица.

Во книгите на Библијата всушност на ниедно место не се споменува зборот Света Троица. Најблиску до овој поим е кога Господ Исус Христос им заповедал на Апостолите да ги потопуваат верните во вода: „крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.“ (Мат. 28:19).

Библискиот Бог
Света Троица

Хронологија

уреди

Хронологијата за утврдување на погледот за Светата Троица произлегува од Никејскиот симбол на верата од 325-381 година како и од Атанасискиот симбол на верата од околу 500 година каде имало големи обиди за стандардизација на големите несогласувања кои се појавиле во верата на христијаните. Овие симболи биле утврдени како официјални од страна на црквата во текот на 4 век и почетокот на 5 век како реакција против некои хетеродоксални погледи за Светата Троица. Овој симбол на религијата бил приман од страна на православната и католичката црква. Од страна на протестанската црква тој се применува само од некои верници.

Никејскиот симбол го користи терминот "homoousios" (гр.- еден и единствен) за односот помеѓу Синот и Отецот, за разлика од терминот "homoiousios" (гр. - со подобна единственост), кој од страна на црквата во овие векови било сметано како. Разликата е во една единствена буква која води до големи религиозни разликувања. На еден од соборите во околу 264-266 г. Павел Самосатски бил осуден како еретик поради адопционистичкото си видување за Синот, а исто така бил осуден и терминот "homoousios" . Значењето на овие старогрчки зборови "усија" и "ипостас" било различно сфаќано бидејќи за едни ипостас значело "единство или еднаквост", а за други "лице". Атанасиј од Александрија го појаснил овој термин.

Во западната црква Августин од Ипон бил познат по својата формула за Света Троица, а додека Василиј Велики, Григориј Ниски и Григориј Назиански се биле попознати на исток. Според симболот на Анастасиј, сите три Божествени лица се вечни, кои имаат голема моќ и се еднакви помеѓу себеси. Секој од нив поседува Божествено единство и дејствувајќи заедно тие го образуваат Бог. Поради тоа било апсолутно погрешно да се каже, дека постојат три Богови или три Господи. Отецот е Бог, Синот е Бог и Свитиот Дух е Бог. Но Бог е Отецот, Синот и Светиот Дух. Се верува дека постои само еден Бог при кое Исус Христос го сведува човечката Му природа. Според православието, сите три личности во едниот Бог имаат иста природа. Сите три личности заедно го создаваат светот и сè што постои. Дел од црквата на Исус Христос веруваат пак дека Отецот, Синоти Светиот Дух се три независни личности, кои поседуваат поединечни тела, души и духови. Според оваа идеологија трите поединечни личности го претставуваат Божественото семејство. Освен тоа се смета дека секоја од овие личности има свој сопствен повисок господар. Во основа има различни сфаќања од страна на христијанските религии (православие, католицизам, протестантство, Асриската источна црква. Една од причините за разделување на христијанството е токму погледот за Света Троица. Еден од доказите кои се наоѓаат во Светото Писмо можеме да го најдеме во Првото послание на Јован Богослов во петтата глава, седмиот стих, кој вели: „Зашто Троица се кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројцата се едно“.(I Јован: 5,7).

Разлика помеѓу истокот и западот

уреди

За источните црковни отци една од основите на Отецот е дека Синот е вечно роден од Него, а Духот вечно произлегува од Отецот. Поради тоа западната идеја за излегувањето на Духот и од Синот е се прима како еретична од истокот и е станала основа за разликите помеѓу овие цркви. Западните отци најпрвин говораат за Бога и неговите атрибути а потоа за односот помеѓу овие лица, при кое се обидуваат повеќе тоа да го објаснат од филолошка гледна точка. Според западното католичко богословие излегувањето на Духот е поврзано поради љубовта помеѓу Отецот и Синот.