Свази (јазик)

(Пренасочено од Свати (јазик))

Свазискиот (свати, сисвати; изворно: siSwati; зулу: isiSwazi) е банту-јазик од групата на нгунски јазици што се говори во Есватини (порано Свазиленд) и ЈАР од народот Свази. Се смета дека има 3 милиони говорници и е присутен во образованието во Есватини и некои јужноафрикански училишта во подрачјето на Мпумаланга и Кангване. Свази е службен јазик во Есватини (заедно со англискиот) и еден од 11-те службени јазици на ЈАР.

Свазиски јазик
SiSwati
Застапен воЕсватини, ЈАР, Лесото, Мозамбик
Говорници2 милиони  (1996–2006)
Јазично семејство
Статус
Службен во Есватини
 ЈАР
Јазични кодови
ISO 639-1ss
ISO 639-2ssw
ISO 639-3ssw
Linguasphere99-AUT-fe
Гатриев кодS.43[1]
Јазикот свази
 лице  лиСвати
 народ  емСвати
 јазик  сиСвати
 држава  еСватини
Географска распространетост на свази во ЈАР: дел од населението што говори свази во домот.
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%
Географска распространетост на свази во ЈАР: густина на населението што говори свази во домот.
  <1 /км2
  1–3 /км2
  3–10 /км2
  10–30 /км2
  30–100 /км2
  100–300 /км2
  300–1000 /км2
  1000–3000 /км2
  >3000 /км2

Изворното име на јазикот е „свати“, но во светот јазикот е попознат по „свази“, неговото име на зулу. Јазикот е најсроден со „тугелскиот“ нгунски јазик пути, но е мошне близок и со „зундските“ нгунски јазици: зулу, јужен ндебеле, северен ндебеле и коса.

Дијалекти

уреди

Свази во Есватини може да се подели на четири дијалекти, што одговара на четирите административни региони во земјата: хохо, лубомбо, манзини и шиселвени.

Јазикот има барем две варијанти: стандардниот, застапен на северниот, централниот и јужниот дел на земјата, и помалку престижната варијанта што се говори на останатите места.

Во најјужните делови од земјата, јазикот има значајни влијанија од зулу. Овој втор дијалект не се смета за вистински свази. Истото важи и за најголем дел од говорниците на свази во ЈАР (претежно во покраината Мпумаланга и во Совето) се сметаат дека говорат нестандарден јазик.

За разлика од варијантата на југот од Есватини, варијантата во Мпумаланга има помалку влијанија од зулу, па затоа се смета за поблиска до стандардниот свази. Меѓутоа, оваа варијанта се одликува со мошне различна интонација и тон, што звучи необично за стандардните говорници и се смета дека ова е влијание од другите околни јазици.

Стандардната престижна варијанта (во северен и централен Есватини) има карактеристичен бавен ритам со силно нагласување на зборовите.

Фонологија

уреди

Согласки

уреди

[2]

  Уснени Забни Венечни Венечни
странични
Преднонепчени
(-венечни)
Заднонепчени Гласилни
Носни m   n   ɲ ŋ  
Избувни pʰ pʼ b ɓ   tʰ tʼ d      kʰ kʼ g ɠ  
Слеани     ts  dz     tʃʼ dʒ     
Струјни f  v   s  z ɬ  ɮ ʃ  ʒ   h  ɦ
Приближни       l j w  
Чкрапави   ǀ ǃ        

Граматика

уреди

Именки

уреди

Именката (libito) се состои од два дела: претставка (sicalo) и основа (umsuka). Според претставките, именките можат да се групираат во класи со свои редни броеви, за полесна споредба со другите банту-јазици.

На следнава табла се дадени именските класи, според паровите еднина-множина.

Класа Еднина Множина
1/2 um(u)-1 ba-, be-
1a/2a Ø- bo-
3/4 um(u)-1 imi-
5/6 li- ema-
7/8 s(i)-2 t(i)-2
9/10 iN-3 tiN-3
11/10 lu-, lw-
14 bu-, b-, tj-
15 ku-

1 umu- го заменува um- пред едносложни основи, како на пр. umuntfu (човек).

2 s- и t- ги заменуваат si- и ti- пред основи што почнуваат на самогласка, како на пр. sandla/tandla (рака/раце).

3 Пополнувачот N во претставките iN- и tiN- за m, n или воопшто без буква.

Наводи

уреди
  1. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
  2. Su-I Chen and Gloria Malambe, Palatalization in SiSwati: An Optimality Theoretic Approach, in Maddieson & Hinnebusch (eds.), Language History and Linguistic Description in Africa (1998), стр. 138

Надворешни врски

уреди