Бантоидните јазици се гранка на бенуе-конгоанската група на нигер-конгоанските јазици. Поимот се појавил во 1895 и подразбирал јазици кои имаат сличности во лексиконот со банту-јазиците. Подоцна, во „Јазиците на Африка“ (1963), американскиот јазичар Џозеф Гринберг ги дефинира како групата во која припаѓаат потесните банту-јазици заедно со ним најблиските околни јазици. Денес поимот се употребува во овој смисла.

Бантоидни јазици
Географска
распространетост:
потсахарска Африка, но не позападно од Нигерија
Класификација:нигер-конгоански
Гранки:

Северозападната граница на Банту (кафеаво) и другите бантоидни јазици (силно и умерена портокалова) во Нигерија и Камерун

Во 1989 е предложена поделба на бантоидните јазици на северни и јужни.[1] Според предлогот, мамбилоидните и дакоидните јазици ја сочинуваат северната, а сите останати влегуваат во јужната група. Оваа класификација ја користи и Ethnologue. Исправноста на северната група е под прашање, а дакоидните денес во многу дела не се сметаат за бантоидни јазици. Јужната група е неоспорлива генетска целина. Во неа спаѓа познатото и многубројно потсемејство банту.

Наводи

уреди
  1. Williamson, 1989 врз основа на Blench [1987]

Литература

уреди
  • Blench, Roger [1987] 'A new classification of Bantoid languages.' - XVII Колоквиум на африканските јазици и лингвистика (Лајден).
  • Williamson, Kay (1989) 'Niger–Congo Overview'. Во: The Niger–Congo languages, уред. John Bendor-Samuel, 3–45. University Press of America.
  • Williamson, Kay & Blench, Roger (2000) 'Niger–Congo', во Heine, Bernd and Nurse, Derek (уред.) African Languages – An Introduction. Cambridge: Cambridge University press, стр. 11–42.

Надворешни врски

уреди