Бенуе-конгоански јазици
Бенуе-конгоанските јазици ја сочинуваат најголемата јазична група од семејството на нигер-конгоански јазици, како по бројот на јазици (Ethnologue наведува 900), така и по број на говорници (500 милиони). Во рамките на нигер-конгоанското семејство, бенуе-конгоанските јазици претставуваат огранок на атлантско-конгоанските, а можеби и на волта-конгоанските јазици ако ова е исправна група. Според првиот предлог на Џозеф Гринберг (1963), тука спаѓаат и волта-нигерските јазици (како западни бенуе-конгоански); разраничувањето помеѓу тие јазици како и јазикот ква е предмет на расправа.
бенуе-конгоански јазици | |
---|---|
источни бенуе-конгоански јазици | |
Географска распространетост: | потсахарска Африка, источно и јужно од Нигерија |
Класификација: | нигер-конгоански
|
Гранки: |
централнонигериско (платоидно)
укан ?
фали ?
|
Некои поважни гранки на волта-нигерските и бенуе-конгоанските семејства се најзастапени во Нигерија, Камерун и Бенин. |
Се смета дека гранките на бенуе-конгоанските јазици (наведени со бројот на јазици во секоја) се следниве:
- бантоидно–прекуречни
- бантоидни (≈700)
- прекуречни (68)
- централнонигериско (платоидни)
- џукуноидни (20)
- каинџиски (58)
- висорамнински (46)
- тарокоидни (5)
- потесни висорамнински
Сроден на нив е и јазикот укан. Ова може да биде најоддалечениот од нив, или пак вон групата, но во најблиско сродство со тие јазици.
Јазикот фали (од Бајса) исто така може да биде бени-конгоански, но досега не е класификуван.
Наводи
уреди- Wolf, Paul Polydoor de (1971) The Noun Class System of Proto-Benue–Congo (Thesis, Leiden University). The Hague/Paris: Mouton.
- Williamson, Kay (1989) 'Benue–Congo Overview', pp. 248–274 in Bendor-Samuel, John & Rhonda L. Hartell (eds.) The Niger–Congo Languages – A classification and description of Africa's largest language family. Lanham, Maryland: University Press of America.
Надворешни врски
уреди- Извештај за бенуе-конгоанското јазично семејство - Ethnologue (англиски)
- Бенуе-конгоански јазици Архивирано на 26 јули 2011 г. - Списание на западноафриканските јазици (англиски)