Мпумаланга
Површина 79,490 км2
Население 3,122,994
Јазици: Свати (30,8%)
зулу (26,4%)
ндебеле (12,1%)
сепеди (10,8%)
Раси: Црнци (92.4%)
Белци (6.5%)
Обоени (0.2%)
Азијатци (0.2%)
Главен град: Нелспруит
Најголем град: Нелспруит
Премиер: Табанг Макветла
(АНК)
Местоположбата на Мпумаланга

Мпумаланга (чиешто географско преименување од Источен Трансвал се случи на 24 август 1995) е покраина во ЈАР. Името значи "место кадешто изгрева Сонцето" на јазикот Зулу. Мпумаланга лежи во источна ЈАР, северно од Натал и граничи со Свазиленд и Мозамбик. Таа е 6.5% од вкупната површина на ЈАР. На север граничи со Лимпопо, а на запад со Фристејт и Гаутенг. Главен град е Нелспруит. До 1994 Мпумаланга беше дел од покраината Трансвал.

Змејските Планини ја делат Мпумаланга на западна половина која се состои главно од тревни површини, опфатени со името Хајвелд и источна половина која се наоѓа на ниска алтитуда. Јужната половина на Кругерскиот национален парк е сместена во источната половина на Мпумаланга.