Свази (јазик)
Свазискиот (свати, сисвати; изворно: siSwati; зулу: isiSwazi) е банту-јазик од групата на нгунски јазици што се говори во Есватини (порано Свазиленд) и ЈАР од народот Свази. Се смета дека има 3 милиони говорници и е присутен во образованието во Есватини и некои јужноафрикански училишта во подрачјето на Мпумаланга и Кангване. Свази е службен јазик во Есватини (заедно со англискиот) и еден од 11-те службени јазици на ЈАР.
Свазиски јазик | |
---|---|
SiSwati | |
Застапен во | Есватини, ЈАР, Лесото, Мозамбик |
Говорници | 2 милиони (1996–2006) |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | Есватини ЈАР |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ss |
ISO 639-2 | ssw |
ISO 639-3 | ssw |
Linguasphere | 99-AUT-fe |
Гатриев код | S.43[1] |
Јазикот свази | |
лице | лиСвати |
народ | емСвати |
јазик | сиСвати |
држава | еСватини |
0–20% 20–40% 40–60% | 60–80% 80–100% |
<1 /км2 1–3 /км2 3–10 /км2 10–30 /км2 30–100 /км2 | 100–300 /км2 300–1000 /км2 1000–3000 /км2 >3000 /км2 |
Изворното име на јазикот е „свати“, но во светот јазикот е попознат по „свази“, неговото име на зулу. Јазикот е најсроден со „тугелскиот“ нгунски јазик пути, но е мошне близок и со „зундските“ нгунски јазици: зулу, јужен ндебеле, северен ндебеле и коса.
Дијалекти
уредиСвази во Есватини може да се подели на четири дијалекти, што одговара на четирите административни региони во земјата: хохо, лубомбо, манзини и шиселвени.
Јазикот има барем две варијанти: стандардниот, застапен на северниот, централниот и јужниот дел на земјата, и помалку престижната варијанта што се говори на останатите места.
Во најјужните делови од земјата, јазикот има значајни влијанија од зулу. Овој втор дијалект не се смета за вистински свази. Истото важи и за најголем дел од говорниците на свази во ЈАР (претежно во покраината Мпумаланга и во Совето) се сметаат дека говорат нестандарден јазик.
За разлика од варијантата на југот од Есватини, варијантата во Мпумаланга има помалку влијанија од зулу, па затоа се смета за поблиска до стандардниот свази. Меѓутоа, оваа варијанта се одликува со мошне различна интонација и тон, што звучи необично за стандардните говорници и се смета дека ова е влијание од другите околни јазици.
Стандардната престижна варијанта (во северен и централен Есватини) има карактеристичен бавен ритам со силно нагласување на зборовите.
Фонологија
уредиСогласки
уредиУснени | Забни | Венечни | Венечни странични |
Преднонепчени (-венечни) |
Заднонепчени | Гласилни | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Носни | m | n | ɲ | ŋ | |||
Избувни | pʰ pʼ b ɓ | tʰ tʼ d | kʰ kʼ g ɠ | ||||
Слеани | ts dz | tʃʼ dʒ | |||||
Струјни | f v | s z | ɬ ɮ | ʃ ʒ | h ɦ | ||
Приближни | l | j | w | ||||
Чкрапави | ǀ | ǃ |
Граматика
уредиИменки
уредиИменката (libito) се состои од два дела: претставка (sicalo) и основа (umsuka). Според претставките, именките можат да се групираат во класи со свои редни броеви, за полесна споредба со другите банту-јазици.
На следнава табла се дадени именските класи, според паровите еднина-множина.
Класа | Еднина | Множина |
---|---|---|
1/2 | um(u)-1 | ba-, be- |
1a/2a | Ø- | bo- |
3/4 | um(u)-1 | imi- |
5/6 | li- | ema- |
7/8 | s(i)-2 | t(i)-2 |
9/10 | iN-3 | tiN-3 |
11/10 | lu-, lw- | |
14 | bu-, b-, tj- | |
15 | ku- |
1 umu- го заменува um- пред едносложни основи, како на пр. umuntfu (човек).
2 s- и t- ги заменуваат si- и ti- пред основи што почнуваат на самогласка, како на пр. sandla/tandla (рака/раце).
3 Пополнувачот N во претставките iN- и tiN- за m, n или воопшто без буква.
Наводи
уреди- ↑ Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
- ↑ Su-I Chen and Gloria Malambe, Palatalization in SiSwati: An Optimality Theoretic Approach, in Maddieson & Hinnebusch (eds.), Language History and Linguistic Description in Africa (1998), стр. 138
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на свази (јазик) |
- Свази - Ethnologue (англиски)
- Свази - PanAfrican L10n (англиски)