Сатја-југа
Сатја-југа (деванагари: सत्य युग), наречена и крита-југа во хиндуизмот, е „југа (доба или ера) на вистината“, кога човештвото го водат боговите, а секоја манифестација или работа е блиску до најчистиот идеал. Понекогаш се нарекува и „Златно доба“. Просечното траење на сатја-југата изнесува 100.000 години. Останатите се: двапара-југа, трета-југа и кали-југа.
Дел од статиите Хиндуизам | |
Историја · Божества | |
Секти · Митологија | |
Верувања | |
---|---|
Реинкарнација · Мокша | |
Карма · Самсара · Маја | |
Нирвана · Дарма | |
Јога · Ајурведа | |
Југа · Вегетаријанство | |
Бакти · Арта | |
Текстови | |
Упанишади · Веди | |
Багават гита | |
Рамајана · Махабхарата | |
Пурана · Аранјака | |
Сродни статии | |
Хиндуизам по земји | |
Водачи · Мандир · | |
Касти · Мантра | |
Речник · Празници | |
Мурти |
Според светите текстови
уредиМеѓу четирите ери, сатја-југа е најважната, во која владеат знаењето, медитацијата и покорноста. Сите столбови на религијата се целосно присутни. Просечен животен век на луѓето во сатја-југа се верува дека е над 100 илјади години. За време на сатја-југа, луѓето ќе прават само добри и возвишени дела, и се верува дека ова е време кога „сите луѓе ќе бидат среќни“.
Во Махабхарата е запишано:
[...] нема сиромашни ниту богати; нема потреба од работа, бидејќи сè што им е потребно на луѓето, го добиваат преку силата на волјата; главна доблест е препуштањето на овоземните желби. Крита југа е без болести, без лоши мисли, без тага, без страв. [...]