Санде Стојчевски (Талашманце)
Санде Величков Стојчевски ( 1925 во Талашманце, Кратовско — 21 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Санде Стојчевски | ||
Роден | 1925 година Талашманце, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 21 април, 1945 година Сремски фронт, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиУште од раното детство ја почувствувал суровата немаштија и беда. По завршувањето на основното четиригодишно училиште бил принуден да оди на аргатски работи, а подоцна да работи ѝ како општ работник. Работел на патишта, мостови и слична теренска работа. Имал повеќе контакти со напредни работници и станал симпатизер на народноослободителното движење. Како напреден младинец бил примен во редовите на СКОЈ. Санде како борец стапил на 15 септември 1944 година, најпрво во Месната команда во Кратово, а подоцна во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Со својата единица земал учество во многу борби. Учествувал во борбите со остатоците од балистичките банди во околината на Гнилане. Загинал на 21 април 1945 година, на Сремскиот фронт, како борец во состав на Треттатa македонска народноослободителна бригада.[1]