Кинофестивал Санденс

(Пренасочено од Санденс)

Кинофестивал Санденс (порано се викал Кинофестивал во Јута/САД, па Кино и видеофестивал во САД) — годишен кинофестивал организиран од Институтот Санденс.[1] Тој е најголем фестивал на независен филм во САД, со преку 46.660 посетители во 2016 година.[2] Се одржува секој јануари во Парк Сити; Солт Лејк Сити; и во Одморалиштето Санденс (ски-центар во близина на Прово), и се прикажуваат нови дела од американски и меѓународни независни филмски уметници. На фестивалот има натпреварувачки секции за американски и меѓународни драмски и документарни филмови, играни и кратки филмови, и делови вон официјалната конкуренција, во кои се прикажуваат премиери на играни и документарни филмови.[3]

Историја

уреди

1978: Кинофестивал во Јута/САД

уреди

Санденс почнал да се одржува во август 1978 година во Солт Лејк Сити, под името Кинофестивал во Јута/САД со цел да привлече повеќе киноуметници во Јута.[4] Основачи на фестивалот се Стерлинг Ван Вагенен,[5] директор на Вилдвуд - компанија во сопственост на Роберт Редфорд и Џон Ерл од Филмската комисија во Јута . На фестивалот во 1978 година биле прикажани филмови како: Избавување, Трамвајот наречен желба, Полноќен каубој, Злобни улици и Слаткиот мирис на успехот.[6] Целта на фестивалот била да се прикажуваат филмови од американско производство, да се истакне потенцијалот на независниот филм и да се поттикне снимањето на филмови во Јута. Директорите на фестивалот биле насочени кон организирање на натпревар на независни американски филмови, и истовремено да се претстават низа на ретроспективни филмови и да се организираат панел дискусии за филмаџии и да се додели наградата Френк Капра.

Во 1979 година, Стерлинг Ван Вагенен ја напуштил својата позиција во фестивалот за да ја предводи пилот програмата на она што подоцна ќе стане Институт Санденс, а функцијата извршен директор накратко ја презел Џејмс Уре, а потоа и Сирина Хемптон Катанија. На фестивалот таа година биле прикажани преку 60 филмови, а на панелите учествувале многу познати холивудски режисери. Таа година, првата награда Френк Капра му била доделена на Џими Стјуарт. Фестивалот остварил профит за прв пат. Во 1980 година, Катанија заминал за да продолжи со продуцентска кариера во Холивуд.

1981: Кино и видеофестивал во САД

уреди
 
Египетскиот театар Мери Г. Штајнер, во Парк Сити, е едно од најстарите и најпрепознатливите места на фестивалот

Во 1981 година, фестивалот се преселил во Парк Сити (Јута) и наместо во септември почнал да се прикажува во јануари. Оваа одлука ја донела извршната директорка Сузан Барел во соработка со холивудскиот режисер Сидни Полак, кој сметал дека одржувањето на кинофестивал во ски-центар во зима ќе привлече поголемо внимание од Холивуд.

1984: Санденс

уреди

Во 1984 година, веќе добро етаблираниот институт Санденс, на чело со Стерлинг Ван Вагенен, го презел управувањето со Кино и видеофестивал во САД. Промената на брендот во Кинофестивалот Санденс била управувана од компанијата под раководство на Колин Ален — Allen Advertising Inc., назначен од Роберт Редфорд. Во 1991 година, фестивалот бил службено преименуван во Кинофестивал Санденс, по ликот кој го глумел Редфорд — Санденс Кид од филмот Буч Кесиди и Санденс Кид.[7]

Кинофестивалот Санденс имал процут во 1990-тите, под водство на Џефри Гилмор и Џон Купер, кои го направиле врвен фестивал во САД, кој може да им парира на меѓународните кинофестивали во Кан, Венеција, Берлин и Торонто.

Фестивалот на други места

уреди

Санденс Лондон (2012— )

уреди

Британската издавачка куќа Ц21 Медиа во октомври 2010 година објавила дека Роберт Редфорд планира да го донесе Кинофестивалот Санденс во Лондон.[8] Во март 2011 година, Редфорд официјално објавил дека Санденс Лондон ќе се одржи во О2, во Лондон од 26 до 29 април 2012 година; за прв пат ги напушта границите на САД.[9]

Санденс Хонгконг (2014— )

уреди

Основан во 2014 година, Кинофестивалот Санденс: Хонгконг се одржал во 2016, 2017, 2018 година и од 19 септември до 1 октомври 2019 година. Секоја година се одржува во Метроплекс во Коулун заливот.[10]

Фестивалите во Лондон и во Хонгконг во 2020 година биле одложени поради влијанието на пандемијата COVID-19 и до крајот на 2021 година не се презакажани.[11]

Санденс во БАМ

уреди

Од 2006 до 2008 година, Институтот Санденс соработувал со Бруклинската академија за музика (БАМ) за посебна серија на кинопроекции, изведби, панел дискусии и настани со кои активностите на институтот и програмата на фестивалот била пренесена во Њујорк.[12]

Популарност

уреди

Многу независни киноуметници направиле пробив во кариерата преку Санденс, како: Кевин Смит, Роберт Родригес, Квентин Тарантино, Тод Филд, Дејвид О. Расел, Стив Џејмс, Пол Томас Андерсон, Стивен Содерберг, Дарен Аронофски, Џејмс Ван, Едвард Брнс и Џим Џармуш. На фестивалот исто така биле прикажани многу популарни филмови како Пила (Сложувалка на стравот), Гарден Стејт, Супер Полицајци, Проект - Вештерката од Блер, Удирајќи го мајмунот (Spanking the Monkey), Касапски кучиња, Во спалната (In the Bedroom), Повеќе среќа утре (Better Luck Tomorrow), Малата Мис Америка, Дони Дарко, Ел Маријачи, Месечина (Moon), Службеници (Clerks), Ви благодариме за пушењето (Thank You for Smoking), Секс, лаги и видео клип (Sex, Lies, and Videotape), Браќата Мекмулен (Brothers McMullen), 500 дена лето (500 Days of Summer), Ритамот на лудилото и Детство .

Три сезони (Three Seasons) во 1999 година бил прв филм на фестивалот кој ги добил и Големата награда од жирито и Наградата од публиката. Подоцна двете награди ги добиле и: Господ се умори од нас (God Grew Tired of Us) во 2006 година (во категоријата документарен филм), Петнаесетгодишна (Quinceañera) во 2006 година (во категорија драма), Precious во 2009 година, Фрутвале (подоцна преименуван како Fruitvale Station) во 2013 година, Ритамот на лудилото во 2014 година, Јас и Ерл и девојката на умирање (Me and Earl and the Dying Girl) во 2015 година, Раѓањето на нацијата (The Birth of a Nation) во 2016 година, Минари (Minari) во 2020 година и <a href="https://en.wikipedia.org/wiki/CODA_(2021_film)" rel="mw:ExtLink" title="CODA (2021 film)" class="cx-link" data-linkid="196">CODA</a> во 2021 година.

Три филма кои учествувале на Кинофестивалот Санденс во 2016 година, добиле осум номинации за Оскар.[13] Манчестер покрај море имал шест номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм.[13] Следната година, околу 40 филма биле откупени од дистрибутери, меѓу кои и Амазон, Нетфликс, Лајонсгејт и Јуниверзал.[14]

Директори

уреди
  • Џеф Гилмор — 1991–2009 [15][16]
  • Џон Купер — 2009–2020 [17][18]
  • Табита Џексон — 2020–сега

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Friedman, Megan (2010-01-27). Time (англиски). ISSN 0040-781X https://web.archive.org/web/20170911011019/http://content.time.com/time/arts/article/0,8599,1956952,00.html. Архивирано од изворникот на September 11, 2017. Посетено на 2020-03-23. Отсутно или празно |title= (help)
  2. Stambro, Jan Elise. „The Economic Impacts of the 2016 Sundance Film Festival“ (PDF). Bureau of Economic and Business Research. University of Utah. Архивирано од изворникот (pdf) на 2021-03-21. Посетено на 2012-11-06.
  3. „Structure of the Sundance Film Festival“. www.sundanceguide.net. Посетено на 2021-01-19.
  4. „BBC - Films - Sundance Film Festival - A Brief History“. www.bbc.co.uk. Посетено на 2017-07-14.
  5. „Redford's Wildwood Enterprises and PBS Bring "Skinwalkers" to the Small Screen | PBS About“. Redford's Wildwood Enterprises and PBS Bring "Skinwalkers" to the Small Screen | PBS About. Посетено на 2018-01-28.
  6. Craig, Benjamin. „History of the Sundance Film Festival“. Sundance-A Festival Virgin's Guide. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 2012-10-08.
  7. Peden, Lauren David (December 2005). „Sundance Subdued“. Freedom Orange County Information (coastmagazine.com). Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-11-11.
  8. Benzine, Adam (October 7, 2010). „Exclusive: Redford plans London Sundance“. C21 Media. Посетено на May 29, 2013.
  9. Farmer, Stephen (October 2012). „Robert Redford, Sundance Institute And Aeg Europe Launch Sundance London At The O2“. AEG Worldwide. Архивирано од изворникот на May 5, 2013. Посетено на 2012-10-22.
  10. „Sundance“. hk.sundance.org. Архивирано од изворникот на 2017-07-05. Посетено на 2017-07-21.
  11. Ramachandran, Naman (2020-03-25). „Coronavirus: Sundance Postpones London, Hong Kong Festivals“. Variety (англиски). Посетено на 2021-09-26.
  12. „Sundance Mixed With Stars, Politicians“. BAM. Архивирано од изворникот на 2008-01-12. Посетено на April 4, 2014.
  13. 13,0 13,1 Quinnette, Celia (January 24, 2017). „8 oscar nominations for films from the 2016 sundance film festival“. Sundance TV. Архивирано од изворникот на 2017-10-02. Посетено на August 8, 2017.
  14. „The Complete List of Movies Sold at Sundance 2016, and Why Amazon and Netflix Went All Out“. Vulture (англиски). Архивирано од изворникот на October 30, 2016. Посетено на 2017-08-08.
  15. Kay, Jeremy (11 March 2009). „John Cooper steps up as director of Sundance Film Festival“. ScreenDaily.com. Посетено на 2010-01-31.
  16. Cieply, Michael (17 February 2009). „Shakeup in Film Festivals as a Familiar Face Moves“. The New York Times. Посетено на 2010-01-31.
  17. Sundance Institute (11 март 2009). "Sundance Institute announces John Cooper as Director, Sundance Film Festival". Соопштение за печат.
  18. „About“. Sundance. Посетено на 5 September 2019.