Злобни улици (филм)
Злобни улици (англиски: Mean Streets) е филм од 1973 година. Сценариото е напишано од Мартин Скорсезе и Мардик Мартин, а режисер е Скорсезе. Во главните улоги играат: Харви Кител, Роберт Де Ниро и Давид Провал. Филмот беше издаден од Warner Bros на 2 октомври, 1973. Де Ниро ја освои наградата National Society of Film Critics за „Најдобар Глумец во Споредна Улога“ за неговата улога како Џон „Џони Бој“ Сивело. Во 1997, Злобни улици беше селектиран од страна на Library of Congress за зачувување во „Националната Филмска Бележница“ (National Film Registry) во САД како културен, историски и естетски препознатлив филм.
„Злобни улици (Main Streets)“ | |
---|---|
Режисер | Мартин Скорсезе |
Продуцент | Џонатан Т. Теплин |
Сценарист | Мартин Скорсезе и Мардик Мартин |
Главни улоги | Роберт Де Ниро Харви Кител Давид Провал Ејми Робинсон Ричард Романус Чезаре Данова |
Жанр | драма |
Кинематографија | Кент Л. Рејкфорд |
Монтажа | Синди Левин |
Дистрибутер | Warner Bros. |
Премиера | 2 октомври 1973 |
Времетраење | 110 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 500,000 американски долари |
Бруто заработка | 3,000,000 американски долари |
Претходен | Warner Bros. Pictures, Taplin - Perry - Scorsese Productions |
Дејствие
уредиЧарли (Харви Кеител) е италијански-американец кој се обидува да влезе во локалната мафија и кој е спречен поради неговите чувства за одговорност кон неговиот деструктивен и помлад пријател Џони Бој (Роберт Де Ниро), коцкар кој должи пари на многу лихвари. Чарли работи за неговиот чичко Џовани (кој е месен капо), највеќе како собирач на долгови. Тој исто така има тајна афера со братучетката на Џони Бој, Тереса, која има епилепсија и е прогонета поради нејзината состојба – посебно од страна на чичкото на Чарли. Џовани исто така не сака Чарли да се дружи со Џони Бој и го предудпредува за тоа, велејќи дека "Чесните мажи одаат со чесни мажи". Чарли е растргнат помеѓу неговата католичка благосостојба и амбициите со мафијата. Како што филмот напредува, Џони набрзо постанува самоуништлив, поради континуираното растење на нетрпеливоста кај лихварите. Неуспевајќи да добијат откуп во црквата, Чарли го гледа спасот преку неговото жртвување во корист на Џони. Во еден бар, локален лихвар, Мајкл Лонго, доаѓа по Џони за да го собере својот дел, но изненадно Џони го нарекува „серко“. Лихварот тргнува кон Џони, но Џони вади пиштол со кој му се заканува дека ќе го убие и го користи стравот на лихварот за да избега од барот. Чарли потоа одлучува да го напушти градот за некое време, Тереса и Чарли тргнуваат со него. Ама за нивна несреќа, мафијашите Мајкл Лонго и Џими Шортс доаѓаат во нивни пресрет, почнуваат да ги бркаат и Џими го погодува Џони во вратот, а Чарли во раката, што предизвикува сообраќајна несреќа. Филмот завршува со сцена како амбулантна кола пристигнува на местото на несреќата.
Улоги
уреди- Роберт Де Ниро како Џон "Џони Бој" Цивело
- Харви Кител како Чарли Капа
- Давид Провал како Тони Девиназо
- Ејми Робинсон како Тереза Рончели
- Ричард Романус како Мајкл Лонго
- Чезаре Данова како Џовани Капа
- Виктор Арго како Марио
- Џорџ Мемоли како Џои
- Лени Скалета како Џими
- Џени Бел како Дајан
- Муреј Мостон како Оскар
- Мартин Скорсезе како Џими Шортс
Музика во филмот
уредиФилмот вклучува многу поп и рок хитови, меѓу кои: „Be My Baby“ од „The Ronettes“, верзија на „Please Mr.Postman“, „Jumpin’ Jack Flash“, „Tell me“ од Rolling Stones, „I Looked Away“ од Ерик Клептон.